За претседателот, Стево Пендаровски францускиот предлог е прифатлив, транзиционен и не го поткопува идентитетот.
„За мене тој е прифатлив. Да појаснам, станува збор за транзиционен компромис во една од фазите за евроинтегрирање на земјава. Со прифаќањето на овој предлог ја креваме бугарската блокада и дозволуваме формално отворање на преговорите. Баш со ништо францускиот предлог не го поткопува македонскиот идентитет, во предлогот има чиста формулација на македонскиот јазик без фуснота…..Одлуката да го прифатиме францускиот предлог нема да биде историски триумф или историски дебакл. Според мене ова е транзиционен процес. Предлогот за мене во оваа фаза е прифатлив”, кажа Пендаровски по завршување на седницата на Советот за безбедност.
Пендаровски вели дека засега нема консензус за влез на Бугарите во Уставот.
За Пендаровски е парадокс што никој во земјава нема против влезот на Бугарите во Уставот, но внатрешната поларизација го оневозможува консензусот.
„Не тврдам дека во преговорите не можело да се добие нешто поквалитетно, но тоа би биле детали, не суштина, рече Пендаровски.
Претседателот нагласи дека во тој дел не сме можеле повеќе да постигнеме.
И. З.