ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Апасиев и неговата рашистичка банда

July 4, 2022 15:35
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Фрустриран што не може да им се приближи во ниту една смисла на зборот, ги предизвикува да го плукаат и понижуваат. Тоа е единствениот начин да се увери самиот себеси дека постигнал нешто во животот. Мазохист. Пореметен.

Апасиев и неговата рашистичка банда, немаат друг начин да станат видливи во јавноста, освен со простачко и насилничко поведение. Како пијавици се. Се закачуваат на некого и на тој начин успеваат да украдат малку од вниманието на јавноста, да им се види името покрај оние на кои им се закачиле.

Пијавици. Грди се, сите се гадат од нив, ама тука се, закачени на телото (името) на својата мета и се возат низ медиумите и социјалните мрежи како да постигнале којзнае што.

Пијавицата не знае дека е грда и лигава и дека е паразит. Таа мисли дека е врв на еволуцијата. Така и Апасиев и неговата проруска Левица. Сѐ е лажно кај него и неговата партија од тапоглави послушници. Дури и името. Се нарекуваат Левица сѐ уште, а сѐ што е поврзано со нив е ултрадесничарско, исто како Путин, само во микроскопски размери. Кускулиња. Може да се замисли колку се ниски и грди сите што му ги лижат чевлите.

Своевремено, Апасиев не се срамеше да ја поведе целата партија во судски спор против мене за личен став (Леви десничари… Фејкери!). Мојот текст, за кој ме тужеше Левица, меѓу другото, се однесуваше на фактот дека се инсталација на Кремљ чија цел е да ја осуети македонската иднина. Во судница ѝ се жалеше на судијката дека моето пишување ѝ нанело штета на партијата и предизвикало раскол. Не грубата кражба на парите и чистките што ги спроведе, туку моето пишување. Многу се радувам ако е така, иако неговото поведение, за жал, не стана помалку криминално и деструктивно.

Дејствувањето на овие инсталации, како онаа на Левица, така и на другите, помали и поголеми, подобро или полошо организирани, се насочени против иднината. Онаа иднина кон која се стремат луѓето од овие простори со генерации наназад, кон интеграција со демократските сојузи во Европа и светот. Историски, тоа е и дестинацијата кон која итаат и генерации гурбетчии од балканските простори, од Источна Европа, сосе Русија, бегајќи, кој од сиромаштија, кој од тиранија. Ете, Апасиев, тој паразит, и партијата составена од паразити, ме тужеа за мојот став дека го следат диктатот на Кремљ! Четири години подоцна, тие се меѓу првите, ако не и први, поддржувачи на руската крвава агресија против Украина и целиот демократски свет.

Кои се мотивите за нивниот напад на социјалните мрежи, преку двете тужби, преку нападите и од друг вид, за кој се надевам дека еден ден ќе има истраги?

Освен што се обидуваа да лечат комплекси, сакаа и да блеснат. Како пијавици, закачени на мене. Со години наназад, тие, како и дел од вмровците, се будат и заспиваат со моето име на своите тенки, бескрвни усни. Моето и имињата на луѓето од нивните црни тефтери им се погонско гориво, превозно средство, мотив, сѐ. Ништо друго и немаат во главите. Злоба, пакост, нагон за криминал. А најмногу од сѐ – стравови, комплекси и фрустрации. Гниди. Ама баш гниди.

Мрсулинчето што направи пуч во партијата за да приграби 300.000 евра, стаса и на Претседателот Пендаровски да му опцуе мајка. Па откако Претседателот го нокаутираше со едно ноншалантно вербално замавнување, мораше и македонската wannabe Ева Браун да го брани. Од зад тастатурата, се разбира.

Сите тие заедно, не само малото мрсулинче, успеваат да опстанат преку тешки злоупотреби на демократските придобивки како слободата на говорот, но и поради силното дејствување на антизападните центри на моќта во нашата земја. Среде испарувањата од наркотиците што ги уживаат во своите смрдливи дувла, тргнале да ограбуваат и да ги напаѓаат државните интереси. Обични, паланечки будали кои стојат мирно, не пред македонското знаме, туку пред руското. И тие имаат нерв некого да наречат предавник?! Какви глупаци!

Се разбира, нивните интелектуални капацитети се извонредно ниски, а насилството го „практикуваат“ скриени зад тастатурата, на социјалните мрежи и преку медиумите под нивна контрола, финансирани со црните пари од европското политичко подземје. Иако немаат ниту идеи, ниту способности, тие успеваат да направат многу штета во општеството, а за тоа им служат и парите што ги добиваат од државата, како партија и како поединци закачени како крлежи во системот. Имаат пари за сѐ. И за кампања и за сопствено богатење.

За разлика од своите идеолошки тутори, неспоредливо поголемото вмро, тие не се ни трудат да покажат одговорност за своите постапки. Не се срамат од својата безидејност и вулгарност. Не се кријат дека се путинисти и дека се одушевени од крвавиот режим на најголемиот жив злосторник во светот и веројатно еден од најголемите крвници во историјата. Кој прво го пороби и уништи рускиот, а сега е во поход против другите народи. Ете тоа се тие паразити. Гадни.


Текстот е личен став на Авторот. Преземањето е дозволено според условите на Creative Commons 4.0.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

(ВИДЕО) Вимблдон: 11 историски моменти кои никогаш нема да се заборават

July 1, 2025

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025
Фото: Jasin Boland/Universal Pictures and Amblin Entertainment

(ВИДЕО) Скарлет Јохансон и Џонатан Бејли ја „препородуваат“ франшизата „Jurassic World: Rebirth“

July 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Голема сензација на Вимблдон: Отпадна третата тенисерка на светот за само 58 минути

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Српскиот свет“ и Кина во извештајот за Македонија – ЕП го засилува тонот кон Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Одамна мртов сателит на НАСА емитува силен радио сигнал, збунувајќи ги астрономите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk