Лидерот на опозициската Левица, Димитар Апасиев, на 5 јули најави радикализација на протестите против францускиот предлог, а откако протестите станаа порадикални од партијата се дистанцираа.
„Прво ќе започнеме со јајца и тоалетна хартија за почеток на протестите под мотото “Ултиматум, не благодарам“, а потоа може и некои пожестоки радикални методи“, порача Апасиев во интервју за Инфомакс, на протестот пред Влада на 5 јули, против „францускиот предлог “ за отстранување на бугарското вето за почеток на пристапни преговори со ЕУ.
Ден потоа партијата се огради од насилните протести тврејќи дека нивните членови не нападнаа полицајци и не носеа фантомки.
„Власта планира за убаци (уфрли) провокатори за да го амортизира отпорот“, рече Јована Мојсоска од Левица за ТВ 24, која инаку протестира за зачувување на македонскиот јазик и идентитет.
Досега тие не се оградија ниту ги спречија насилниците на антиевропските протести, кои уништуваа државен имот, нападнаа полициски слушбеници и скандираа навредливи содржини како „Чиста Македонија“ и „Клетите Ш****ри“.
Д. Муратов/ЦИВИЛМЕДИА