ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Наместо „едни со други“, Мицкоски креира атмосфера на „едни надвор од други“

July 11, 2022 14:36
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МОЗАИК, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Мицкоски работи на тоа општеството националистички да го групира и политички да го артикулира единствено низ својата партија, што би значело дека го креира концептот „Едни надвор од други“, наместо да биде концептот „Едни со други“. И во таков концепт, така разбрана нација, не е ништо друго освен место за поделби и насилство.

Да потсетиме, Христијан Мицкоски имаше кампања на локалните избори, под слоганот „Македонија за сите луѓе“. А денес има типично националистички слоган, кој не само што му работи одзади грб на македонскиот идентитет, туку дополнително, ја подрива државата и го плаши граѓанството од некаква имагинарна „бугаризација“ и, за да биде апсурдот уште поголем, не знае Мицкоски кога е кодифициран македонскиот јазик. Најголемиот бранител на идентитет и јазикот, не знае кога македонскиот јазик (како сродност со националниот идентитет) е кодифициран.

Натаму, сигурен сум дека нема појма кога реликвиите на Гоце Делчев од Софија се пренесени во Скопје; сигурен сум дека нема појма кога е формиран Македонскиот народен театар; сигурен сум исто така дека нема појма кога се оформени универзитетите во Скопје и Битола, а сигурен сум дека нема појма кога е оформена Македонската академија на наука и уметност, а уште повеќе сум сигурен дека нема појма кога Македонскиот народ доби конституционо право на самоопределување за, дури потоа, во септември 1991 година, Македонија да стане независна држава.

Ништо од овие работи Мицкоски не познава, ви тврдам. Ниту кога би разбрал, би имал храброт тоа да го каже.

Најголемиот незнајко го брани националниот идентитет и јазик на Македониците. Не е ни чудо зошто сме на ова „дереџе“ кога најлошите меѓу нас бранат нешто кое во суштина не го познаваат.

Мицкоски и идентитетот на Македонецот го разбира само колку да ја канализира негативната енергија во општеството, а историската наука ја претвора во вмровска идеологија. Идеално поле за омраза. На тоа, „добриот бустер“ Апасиев, му се лепи како идеална алатка за канализација на фрустрацијата.

Она кое денес ни се случува не е национализам, ова денес е најобично разбојништво на Мицкоски и неговата партија. И јас мислам дека многу добро знаат колку се површни и плитки. Само не им одговара и тоа да го признаат.

Идентитетот Мицкоски го користи како параван за класна војна. Да, апсолутно. Нивните Македонци на една страна, а на другата страна сите останати. Тоа е нивниот концепт. Само не разбираат дека во таква поделба на карти, најпрво, го рушат Уставот на Републиката, и второ, го рушат мултиетничкиот карактер на државата, и во конечноста, ги блокираат евроинтеграциите, така што создаваат етничка атмосфера на загрозеност во која најобичните граѓани, а за тоа немам сомнеж, ќе го извлечат најдебелиот крај.

Значи има премногу спорни точки во Мицковите аргументации, практично спорно е сè. И ако мене ме прашувате, секогаш се работи за иста приказна: идентитетот за нив е ништо, празна форма и суштина, доаѓање на власт за нив е сè.

Националистичката партија на Мицкоски, идентитетот и јазикот го гледа како орудие за воен плен во кој, меѓу другото, ќе ги поништи и оние малку институции кои работат за сите граѓани, ќе востоличи единствена партија во национална држава која ќе биде место за сервис на „сите“ Македонци, а оние другите?

Другите ќе зависат од волјата негова и од волјата на неговата „единствена“ партија. Сè преку тоа за нив ќе биде неуспех.

Како што беше времето на Груевски, такво ќе биде и времето на Мицкоски. Идентитетот и јазикот е нивна алатка на борба за власт. Таа партија е армија која бара сè во нејзини раце. А потоа доаѓа поделба на „воениот плен“. А потоа?

Потоа доаѓа мрак.


Личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Next Post

Борел: Додека ја држи Сребреница во своето срце, ЕУ цврсто стои зад БиХ и Западен Балкан

Shortcut

Најново

Мицкоски: Претходната Влада потпиша капитулација со прифаќање на бугарските барања, ние нема да попуштиме на уцени

June 16, 2026

СДСМ до Обвинителството: Уште колку докази за криминални тендери се потребни за да започнете истрага?

June 16, 2026

(ВИДЕО) Уапсен скопјанец за опожарување на две возила на амбасадата на Бугарија

June 16, 2026

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026
Фото: 360 степени

(ВИДЕО) Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk