РИБАРО
Големо засилување е најавено на вечерашниот протест на вмровците во Скопје. Како специјални почесни гости, најавени се бугарските вмровци Красимир Каракачанов и Ангел Џамбаски кои исто така се жестоко против францускиот предлог, дознава АХА.
После вчерашното обраќање од говорницата на Мартин Треневски, за кого, како што истакнуваат изворите на АХА, токму бугарскиот јазик е вистинскиот македонски јазики, присуството на Каракачанов и Џамбаски на протестот во Скопје и нивно обраќање е своевиден вмровски логичен след на настаните.
Имено, Каракачанов и Џамбаски во своите јавни настапи против францускиот предлог повикуваат на национална револуција со која ќе се спречи капитулацијата на бугарската државност. Слично како и Мицкоски, Апасиев, а вчера и Треневски, што повикуваат на иста национална катастрофа но нејасно кај нив е за чии интереси станува збор.
Аналитичарите со кои контактираше АХА, остануваат збунети од таквата вмровска логика – како може еден ист предлог да е катастрофа и за едната и за деругата страна, кога во случајов бугарските и македонските интереси не се поклопуваат.
И покрај тоа тие ја поздравуваат одлуката на вмровците од двете страни на границата да се фузираат и конечно да го затворат мачниот историски вмровски круг.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK