Проектот „Разгледници од Украина“ има за цел да ја сними и демонстрира штетата која руските војници ѝ ја нанесоа на украинската култура. Од почетокот на инвазијата од големи рамери, тие уништија повеќе од 388 историски, архитектонски и археолошки споменици на Украина, истакнуваат од Украинскиот институт, пренесува амбасадата на Украина во Скопје.
Како што се наведува, „Кружен двор“ нема аналози во архитектонското наследство на Украина во XVIII век и е најстарата јавна зграда во североисточна Украина. Секоја година се претвораше во место за историски реконструкции и беше домаќин на фестивали, концерти и саеми.
„Кружниот двор“ бил изграден во 1749 година од браќата Надаржински, чие семејство во тоа време го поседувало градот Тростјанец. По својот изглед и квалитетот на звукот наликува на антички амфитеатар. За време на владеењето на принцот Василиј Голицин, тој беше надграден и служеше како циркус и театарска арена. Под советско владеење, „Кружниот двор“ се користел како магацин.
Овој споменик на локална архитектура стана еден од најневеројатните објекти во Украина и центар на богат културен живот. На почетокот на рускиот воен напад од големи размери врз Украина на 24 февруари 2022 година, руското гранатирање ги оштети прозорците и фасадите на ѕидовите на „Кружниот двор“.
Раскажете му на светот за уништувањето на украинската култура – споделете разгледници на социјалните мрежи со хаштагот #PostcardsFromUkraine, повикуваат од украинската амбасада.