ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Најавено објавување запечатени документи од судењето на Роман Полански

July 13, 2022 10:26
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Обвинителството во Лос Анџелес вчера објави дека повеќе нема да се противи на објавувањето на запечатените документи во случајот „Роман Полански“, коишто може да откријат несоодветно однесување на американското судство.

Џорџ Гаскоњ, окружниот обвинител на Лос Анџелес, рече дека неговата канцеларија „утврдила дека е во интерес на правдата да се согласи да ги отпечати овие записници“. Француско-полскиот режисер Роман Полански, инаку, беше уапсен 1977 година, откако 13-годишната Саманта Гејли го обвини за дрогирање и силување.

„Судовите го опишаа овој случај како една од најдолгите саги во историјата на калифорниската казнено правосудство. Оваа канцеларија со години се бори против објавувањето информации кои жртвата и јавноста имаат право да ги знаат“, се вели во соопштението на Гаскоњ.

Иако сѐ уште не е познато што точно содржат транскриптите, тие вклучуваат сведочење на поранешниот заменик окружен обвинител Роџер Гансон – првиот кој го водеше случајот на Полански.

За да го поштедат девојчето од судење, обвинителите идејствуваа спогодба за признавање вина, па Полански се изјасни виновен за недозволени сексуални односи со малолетничка. Тој одлежа 42 дена затвор и беше подложен на психијатриска проценка.

Кога се чинеше дека судијата Лоренс Ритенбанд ќе го преиспита случајот и ќе изрече подолга затворска казна, Полански пребегна во Франција, каде што живее и денес. Режисерот на „Бебето на Розмари“ и „Кинески град“ оттогаш не се вратил во САД.

Гаскоњ ги опиша околностите под кои обвинителите првично го третирало Полански, како „вонредни“ и додаде дека неговата канцеларија е посветена на „транспарентност и одговорност за сите во правосудниот систем“.

Во 1997 година, Гејли јавно му прости на Полански и рече дека односот кон неа од страна на новинарите и правосудниот систем е полош од првичното злосторство. И таа самата претходно побара да се објават транскриптите.

„Полански останува бегалец од правдата и треба да се предаде на Врховниот суд на Округот Лос Анџелес за изрекување пресуда“, додава Гаскоњ во соопштението.

Роман Полански (88) последниве години беше обвинет и од неколку други жени за сексуални злосторства во минатото. Режисерот ги порекна сите овие обвинувања, меѓу другото, и поради застареност. /MИA/

Next Post

Руни официјално тренер на ДЦ Јунајтед

Shortcut

Најново

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Отсуство на чувството за време

October 5, 2026

Избори во Србија – остри кампањи, Вучиќ ја врзува опозицијата со „странски служби“, студентите со кампања од врата до врата

October 4, 2026
Броила (фото: Електродистрибуција)

ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

October 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk