ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Варијантата на коронавирусот „нинџа“ не е „нова ковид лага“

July 13, 2022 08:34
in ZOOM IN, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Фото илустрација:  Thomas Levinson/The Daily Beast/Getty

Фото илустрација: Thomas Levinson/The Daily Beast/Getty

Share on FacebookShare on Twitter

Станува збор за варијантата позната како ВА.5, која е подваријанта на основната омикрон варијанта на коронавирусот, а, која, пак, која се смета за најлоша досега. Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести, ВА.5 подваријантата на коронавирусот заедно со БА.4 подваријантата на коронавирусот е одговорна за 70 проценти од сите нови случаи на коронавирусот. Американската агенција за храна и лекови препорачува да се модифицираат бустерите од „Фајзер“ и „Модерна“ за да може директно да ја таргетираат оваа подваријанта. Се очекува модифицираниот бустер да биде готов до есен. Истражува Вистиномер.

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој е споделена фотографија од медиумски напис кој се однесува на варијантата на коронавирусот позната како „нинџа“, а за која во написот е наведено дека е најопасната досега. Во склоп на текстот на англиски јазик пишува дека најновата подваријанта на коронавирусот која се очекува да стане доминантна во Европа, Соединетите Американски Држави и други места, е на многу начини најлошата досега. Авторот на постот што е предмет на нашата рецензија, за ваквите тврдења вели:

10 јули 2022 година. Нова ковид лага.

Меѓутоа, подваријантата на коронавирусот нинџа, не е лага. Станува збор за варијантата позната како ВА.5 која е подваријанта на основната омикрон варијанта на коронавирусот која се смета за најлоша досега, пишува Јаху.

Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести, ВА.5 подваријантата на коронавирусот заедно со БА.4 подваријантата на коронавирусот е одговорна за 70 проценти од сите нови случаи на коронавирусот. Првпат е идентификувана во Јужна Африка на 26 февруари. Сите подваријанти на коронавирусот ги афектираат дури и вакцинираните луѓе. Засега луѓето кои биле вакцинирани против ковид не покажуваат сериозни симптоми и не им треба хоспитализација, но реалниот страв е дека овие две подваријанти се шират и може да водат кон нови мутации кои може да се отпорни на вакцината и уште еднаш да предизвикаат инфицираните луѓе да имаат сериозни проблеми и да им се јави потреба за хоспитализација.

Основачот и директор на Скрипс Истражувачкиот Институт и професор по молекуларна медицина, Ерик Топол вели:

Подваријантата на омикрон ВА.5 е најлошата верзија од вирусот што сме ја виделе. Го одбегнува имунитетот и тоа на едно следно ниво и како последица се јавува таа зголемена преносливост, далеку поголема од онаа на омикрон (ВА.1) и други варијанти на омикрон што сме ги виделе.

Топол објаснува прецизно зошто ВА.5 толку брзо се шири.

Мутациите кои предизвикуваа некои од поранешните варијанти најмногу го афектираа спајк протеинот, додека кај оваа варијанта има мутации ширум целата структура. ВА.5 е различна варијанта споредено со претходните, вели Топол.

Мутациите на ВА.5 кои се многу раширени ја направија оваа подваријанта помалку препознатлива на антителата од вакцините, бустерите и прележувањето на ковид-19. ВА.5 може да го избегне имунитетот, во стил на нинџа, предизвикувајќи да порасне и бројот на пробивни инфекции и реинфекции.

Ова не е изненадувачко за епидемиолозите кои предупредуваат со месеци дека високите стапки на случаи коишто се претежно невакцинирани во многу земји, ќе предизвикаат уште повеќе инфекции и понапредни варијанти и субваријанти. Што повеќе инфекции, толку повеќе шанси за значајни мутации.

Американската агенција за храна и лекови препорачува да се модифицираат бустерите од „Фајзер“ и „Модерна“ за да може директно да ја таргетираат оваа подваријанта. Агенцијата за храна и лекови на САД вели дека очекува модифициран бустер да биде готов до есен.

Инаку, до мај оваа подваријанта беше доминантна во Европа и Израел, а глобално доведе дневениот број на ковид случаи да порасне од 477 илјади на ден во почетокот на јуни до 820 илјади на ден оваа недела.

На крајот на јуни таа стана доминантна во САД. Бројот на случаи уште нема пораснато а дневниот просек е околу сто илјади од мај. Но, тоа може да се промени во следните недели бидејќи оваа подваријанта продолжува да ги надминува другите кои се помалку преносливи.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека не е вистина оти „нинџа“ варијантата на коронавирусот е ковид лага. Станува збор за докажана варијанта.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

На граничниот премин Табановце се чека околу еден час

НАЈНОВО

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

Мицкоски: Експертите велеа дека најмалку седум дена ќе се гасне пожарот во Трубарево, а го изгаснавме за 30 часа

September 15, 2025

Со одлука на Меџити се затвора нестандардната депонија за отпад во Никуштак

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk