пишува: СОТИР ГАБЕЛОСКИ
Погледнете го уште еднаш однесувањето на ВМРО ДПМНЕ во Собранието на вчерашната седница и добро запамтете шо сè правеа. Запаметете затоа што за многу скоро опозицијата ќе сака да се приклучи на успесите што ги носи отворањето на преговори. Ќе спласнат протестите, ќе се смират страстите и Мицкоски тогаш ќе сака да биде дел од историјата на Македонија.
Да се провоцираат противниците во Парламентот е една демократска алатка која не секогаш вродува со плод, како што вчера свиркањата и галамата на пратеничката група од ДПМНЕ не успеа да го затиши победничкиот говор на премиерот Ковачевски. Но, да се покажува „сила“ пред претседателката на Европската комисија само за да се придобијат политички поени тоа значи дека сте против Европа. Вие сте против иднината.
За Левица не мора да зборуваме. Тие „бркаат“ подобар резултат на наредните избори и јасно се дистанцираа од ЕУ. Гласачкото тело кое е за сојузи со земји како Русија јасно знае дека треба да гласа за Левица. Но, кај ДПМНЕ тоа допрва ќе се менува. Однесувањето кон Фон дер Лајен што им кажува на граѓаните? Сме за ЕУ, но и малку против? Не сме со Русите, ама протестите кои ги окупиравме се про-руски настроени?
Запамтете го однесувањето на партијата ВМРО ДПМНЕ. Запамтете затоа што нивното однесување ќе се менува и како опозиција и ако дојдат на власт. Сега ќе сакаат да се приклучат на успехот, а како власт – некогаш – ќе прифатат секакви договори, меѓу кои Преспански, Договор со Бугарија, Франуцски предлог…
ВМРО ДПМНЕ нуди само хаос. Од контра ЕУ до убивање коњи за да се нахранат други животни.