На денешната Собраниска седница. пратеникот Димитар Апасиев реагираќи процедурално од собраниската говорница, со заканувачки гестикулации со прст кон Талат Џафери му порача на претседателот на Собранието дека не е дома кај него, па да го бара со прст.
„Значи прв и последен пат да ти биде да ми мавташ со прст, еве јас што ти кажувам!“, му се закани Апасиев на Џафери.
На ова Џафери му возврати на Апасиев да не му мавта пред него со прстот зошто истиот може да му биде скршен.
За време на денешната седница нервозниот пратеник од Левица, Димитар Апасиев, имаше и близок контакт со пратеникот од СДСМ Мартин Костовски, при што ако не се вмешаа другите пратеници, лесно можеше да прерасне во посериозен инцидент.
Ј. Ѓ.