Во исчекување на содржината на Протоколот (се очекува вечерва, по 19 ч.), на Фејсбук и Твитер забележувам атмосфера на голема НАДЕЖ.
Сите оние што деновиве жестоко се бореа за неприфаќање на ЕУ Предлогот, сега се НАДЕВААТ дека Протоколот ќе биде на наша штета. Колку полош Протокол, толку тие ќе бидат посреќни. Чудно, но вистинито.
Една денешна изјава од Генчовска дека и натаму не го признаваат македонскиот јазик предизвика ЕУФОРИЈА. Демек ние сме очекувале Бугарите да нè признаат, па сега Генчовска нè демантирала!?
Сега, чекајќи го Протоколот, левиот показалец веќе им е наместен на тастатурата на буквата „Е“, за да можат побрзо да почнат со пишување:
– Ете… Гледатеееее?
Жална Македонијо.
Не знам дали во светот има други луѓе како нас!?
Инаку, ќе ги видиме деталите за останатите работи, но тоа со јазикот воопшто не е спорно. Тоа е една од работите што веќе се знаат и се милион пати објаснети. За оние што сакаат да сфатат.
- Бугарија не го признава македониот јазик и за тоа ќе потпишат ЕДНОСТРАНА Декларација.
- Сите останати држави ни го признаваат македонскиот јазик и македонскиот јазик станува официјален јазик на ЕУ.
- Во иднина, на секој документ, покрај останатите јазици ќе пишува и „Македонски јазик“. Без додатоци и без објаснувања дека Бугарија не ни го признава јазикот. Сите тие ЕУ документи, кога ќе треба да се потпишат од сите членки, ќе бидат потпишани и од Бугарија. Иако не ни го признаваат јазикот. Иако таму ќе пишува Македонски јазик!
Таа е вистината, негативци!!!
Корнете коси, гризете нокти, ама македонскиот јазик ќе биде признат од ЕУ и ќе биде официјален јазик на ЕУ!
Фејсбук објава од Ацо Лукароски