„МК во ЕУ. Македонски во Европа. Гордост за сите Македонци и за сите граѓани со македонско државјанство. Нека се израдува за момент и ВМРО-ДПМНЕ, барем оние кои искрено се за демократија и за Европа“, објави на Фејсбук, националниот координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи, Марјан Забрчанец.
„Нека си знаат дека се поразени оние кои со умисла или од неодговорност решија да и штетат на сопствената земја за тие да профитираат политички или материјално.
И овој пат е јасно која политичка опција ја носи земјата голем чекор напред во Европа“, пишува Забрчанец.
Денеска на официјалните канали на Унијата, можеше да се избере опцијата за македонски јазик а беше вклучен и на ТВ сервисот на Европската Унија EbS (Europe by Satellite).
За време на меѓувладината седница гледачите на овој сервис во опцијата јазици покрај јазиците на ЕУ имаат можност да ја следат и на македонски јазик испишан со чиста формулација без фусноти и придавки.