ФАТАМОРГАНСКИ
Ниту Владата вчера ја имала првата меѓувладина конференција и ги отворила преговорите со ЕУ. Ниту е започнат скрининг процесот. Ниту Ковачевски и Османи зборувале на македонски јазик во Брисел. Башка ја не знам зошто Владата ги качила во авион Груби и Османи. Што има они ко Албанци да идат во Брисел со македонски авион?!
Види ваму – Фуснота немало пошто ЕУ воопшто не го признава македонскиот јазик, тоа денес го потврдија неколку бриселски чиновници и наши експертутки.
Бајден вчера не упатил честитки на Северна Македонија и Албанија за отпочнувањето на преговорите, туку така од Белата куќа им текнало да си пишат. Нив не ги интересира ама ич Европа и Западен Балкан.
Сè ова вчера што видовте, слушнавте, прочитавте со свои очи и уши е всушност само обична, фатаморгана и пропаганда за да се направи дефокус од две – три важни работи.
1) Мицкоски има супер план, предлага да направиме стратешки договор со Орбан и така да ја победиме енергетската криза
2) За да се заборави дека Апасиев и Крмов на рускиот амбасадор му врачиле свечена монета со ликот на Гоце Делчев и да се заборави вистината дека нема руска агресија врз Украина, тоа да ти било само воена операција
И Шкупи не е шампион на Северна Македонија, еве Вардар вчера играше во Загреб со Динамо во Лига на Шампиони и изваде нерешено.
А, бе, фатаморгана, кога ви велам.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK