ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Зошто Европа станува жешка точка на топлотниот бран?

July 21, 2022 11:13
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пред два месеци, Франција го доживеа најтоплиот мај досега, со рекордни максимални температури во некои градови. Минатиот месец Франција повторно беше зафатена од пролетен топлотен бран што ги зафати и Шпанија, Италија и други земји. Потоа, овој месец, екстремно високи температури ги погодија  Полска и другите делови на Источна Европа, пишува Њујорк Тајмс.

Сега температурите ширум Европа повторно се зголемуваати се блиску до трицифрена бројка во фаренхајтови степени од Шпанија до Британските острови и се шират на исток. Шумските пожари поттикнати од топлината горат во многу земји, а голем дел од континентот е во состојба на долга суша. А остануваат уште два месеци од летото.

Научниците велат дека постојаната екстремна топлина оваа година е во согласност со трендот на Топлотните бранови во Европа. Тие велат дека Топлотните бранови се зголемуваат по фреквенција и интензитет со побрзо темпо на речиси секој дел на планетата, вклучително и западните делови од САД.

Глобалното затоплување игра улога, како и во топлотните бранови ширум светот, бидејќи температурите се во просек за 2 Фаренхајтови степени  (1,1 Целзиусови степени) повисоки отколку кон крајот на 19 век, пред емисиите на јаглерод диоксид.

Освен емисијата на јаглерод диоксидот, има и други фактори кои ја вклучуваат циркулацијата на атмосферата и океанот, кои може да ја направат Европа жешка точка на топлотниот бран.

Нема два топлотни бранови кои се сосема исти. Тековните екстремно жешки температури во Англија и Велс во понеделникот, беа делумно предизвикани од регионот на воздух со низок притисок на горниот дел кој со денови е закочен во близина на брегот на Португалија. Во науката ова е познато како „cutoff low”, бидејќи беше отсечен од реката од западни ветрови, „mid-latitude jet stream“ кој кружи околу планетата на големи надморски височини.

Шумски пожари беснееја во областа Лосасио во северозападна Шпанија. Foto> Emilio Fraile/Europa Press

Зоните со низок притисок имаат тенденција да привлекуваат воздух кон нив. Во овој случај, зоната со низок притисок постојано го влече воздухот од Северна Африка кон неа и кон Европа.

„Тоа пумпа топол воздух кон север“, вели Каи Корнхубер, истражувач во Земјината опсерваторија Ламонт-Доерти, која е дел од Универзитетот Колумбија.

Д-р Корнхубер учествуваше во студијата објавена овој месец, која покажа дека топлотните бранови во Европа се зголемиле во фреквенција и интензитет во текот на изминатите четири децении и го поврзуваат зголемувањето барем делумно со промените во млазниот тек. Истражувачите открија дека многу европски топлотни бранови се случиле кога „mid-latitude jet stream“ привремено се поделил на два дела, оставајќи област со слаби ветрови и воздух со висок притисок помеѓу двете гранки што е погодно за акумулација на екстремна топлина.

Ефи Руси, виш научник од Институтот за климатски истражувања во Потсдам во Германија и главнa авторка на студијата, рече дека сегашниот топлотен бран се чини дека е поврзан со таков „двоен млаз“, за кој таа рече дека е поставен над Европа во изминатите две недели. Ова можеше да доведе до создавање на таканаречениот „cutoff low“, рече д-р Руси, како и до област на слаби ветрови над Европа што дозволи топлината да опстојува.

„Се чини дека ова навистина го фаворизира создавањето на овој топлотен бран. Можеби има и други причини зошто Европа се повеќе е погодена од топлотни бранови, иако некои од нив моментално се предмет на дебата меѓу научниците. Природната климатска варијабилност може да го отежне отстранувањето на специфичните влијанија, рече д-р Руси.

Д-р Корнхубер рече дека затоплувањето на Арктикот, кое се случува многу побрзо од другите делови на светот, може да игра улога. Како што Арктикот се загрева со побрзо темпо, температурната разлика помеѓу него и Екваторот се намалува. Ова доведува до намалување на летните ветрови, што има ефект да ги прави временските системи да се задржат подолго. „Гледаме зголемување на упорноста“, рече тој.

Исто така, постојат индикации дека промените во една од главните светски океански струи, Atlantic Meridional Overturning Circulation, може да влијаат на климата во Европа. Д-р Руси минатата година објави труд кој покажа, користејќи компјутерски симулации, дека слабеењето на струјата како што се загрева светот, ќе предизвика промени во атмосферската циркулација што ќе доведе до посуви лета во Европа.

Како и во другите делови од светот, Топлотниот бран во Европа и екстремната темпрература, ја суши почвата.

Кога има малку влага во почвата, дел од сончевата енергија се користи за испарување на водата, што доведува до благ ефект на ладење. Но, кога еден топлотен бран ќе ја вшмука речиси целата влага од почвата, останува малку да испари кога ќе пристигне следниот бран топол воздух. Така, повеќе од сончевата енергија ја пече површината, додавајќи ја топлината.

Подготви: Ј. Ѓорѓиоски

Next Post

(ВО ЖИВО) Прес-конференција на вицепремиерот Маричиќ

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk