Пишува: Бранко Тричковски
Колку повеќе се браните од бугаризација, толку сте помалку Македонци. Ова не е апел да се бугаризирате, туку крик да ја игнорирате темата. Навлечени сте во навидум благородната битка против бугаризацијата, да произведувате помалку македонство, да му ја спуштате смислата и вредноста. Исти курац е и со јазикот. Колку повеќе го браните, толку повеќе го оштетувате, го означувате како нешто проблематично, неконсолидирано, провинциско, племенско, вие се покажувате како јајца во зовриена вода итн.
Размислете малку и ќе видите дека според истите принципи сте навлечени и на оваа дрога. Така е и со нацијата и со фамозниот идентитет. Излезете од салата кај што се даваат овие долгометражни журнали, со Жмицко и Ќулафкова и влезете во салата кај што играат Џорџ Клуни и Кетрин Зита Џонс, Бен Афлек и Шарлиз Терон, или 24 часа кичн, на пример, нешто со Анџела Довсон, мислам дека за нијанса е поубава од Ванковска, макар што не е Македонка, мислам на Анџела, слушајте го вие чичко Тричко и се ќе биде в ред.
Текстот е личен став на Авторот