Од утрово рано од 5 часот заедно со хеликоптер на МВР, Противпожарната територијална единица, припадници на ЈП „Македонски шуми“ – подружница Берово и голем број доброволци на терен се става пожарот над селото Митрашинци во контрола, објави градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски.
Тој вели дека ситуацијата е комплицирана но од првичните информации од пожарникарите на терен кои се во комуникација со пилотите на МВР се успева да се спречи проширувањето на огнот кон боровата шума.
Во моментот се прави проценка дали Ер-тракторот на Дирекцијата за заштита и спасување да се вклучи во гаснењето бидејќи ефикасноста на хеликоптерот во МВР во голема мерка помага кон спречување на ширење на пожарот, нагласува Пекевски.
Градоначалникот на Берово изразува голема благодарност кон брзата и професионална реакција на Противпожарната единица, МВР, Центарот за управување со кризи, екипите на ЈП „Македонски шуми“ и граѓаните доброволци кои со заеднички напор ќе спречат да ни се случат минатогодишните катастрофални пожари што го зафатија нашиот регион.
„Очигледно е дека системот функционира ефикасно и со посветеноста на сите вклучени луѓе ќе успееме да го локализираме пожарот“, вели Пекевски.