Во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 204 возачи.
Од нив 16 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час. Од МВР информираат дека при тоа 77 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 127 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови./МИА/