Национализмот не носи прогрес… Тој раѓа зло… Зло за сите…
Тоа важи за секој национализам, вклучително и за албанскиот. Она што вчера се случувало во Тетово, под диригентска палка на Касами е за најстрога осуда.
Градоначалниче Касами, ова ли е планот „Б“ на вашите коалициони партнери ВМРО и Левица? Меѓуетнички провокации?
Кому му е сега потребно покажувањето мускули? Во градот не живеат само Албанци, за да го китите само со албански знамиња. Прогласување на почесен граѓанин, на таков начин и со таков декор каков што вчера имало во Тетово е спротивно на заложбите на соживот. За којшто секојдневно се бориме сите што сме обединети околу таа идеја. Идеја која нема друга прогресивна алтернатива.
Да ја цитирам и пратеничката Фаница Николоска:
„Ечи срамот од тетовскиот плоштад! Градоначалниче Касами, денешната одлука, донесена надвор од сите процедури не може да се разбере никако поинаку освен чист политички маркетинг за претстојните локални избори. До неодамна партијата на која сте лидер беше во коалиција во Владата, сметам дека споделувавме европски вредности, и како неодамнешни колеги, Ве сметав дека споделуваме и демократки вредности.“
Ацо Лукароски
Фејсбук