ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

„Факти.бг“: Со „францускиот предлог“ Бугарија доби само вклучување на Бугарите во Уставот на Северна Македонија

July 24, 2022 10:09
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Единствено што доби Бугарија од „францускиот предлог“ за деблокирање на евроинтеграцијата на Северна Македонија е вклучување на Бугарите во Уставот на земјата пред почетокот на преговорите по кластери, а не како што сакаше Скопје пред завршувањето на преговарачкиот процес за членство, оценува бугарскиот портал „Факти.бг“ во коментар посветен на стартот на преговорите на земјава со ЕУ, пренесува МИА.

Според авторот на коментарот, освен ова, Бугарија не успеала да го заштити нејзиниот став за македонскиот јазик, а не добила ни доволно гаранции за спроведување на барањата поврзани со имплементација на Договорот за добрососедство и пријателство од 2017 година.

– Како тогаш можеме да претпоставиме дека предлогот е добро за нас? Де факто, овој предлог е „мачка во вреќа“ и само крајно неодговорните национал-нихилисти можат врз основа на достапните информации да тврдат дека е добар, оценува „Факти.бг“.

Според порталот, чиста манипулација на претставниците на властите во Софија е тврдењето дека со „францускиот предлог“ се заштитени бугарските интереси „со преседанот меѓудржавни билатерални односи да бидат вклучени во европска рамка за преговарачки процес“.

– Но, вистината е дека нашите интереси воопшто не се заштитени во целост, бидејќи нема експлицитно вклучување на сите барања од протоколот 4+1, туку реално само на две од нив – за вклучување на Бугарите во Уставот на Република Северна Македонија и за ограничување на јазикот на омраза и дискриминација (без прецизирање). Проблемот со одбивањето на Скопје да ја објективизира историјата и да престане со фалсификатите, менување на учебниците и таблите и рехабилитацијата на жртвите на комунизмот не се експлицитно споменати. Во однос на јазикот, предвидено е потпишување на некои еднострани декларации, кои се јасно во мултиперспективна насока, бидејќи во спротивно тоа би била една заедничка декларација, која не би било во наш интерес, заклучува „Факти“.

Според порталот, не се точни ниту тврдењата на бугарските власти дека „пристапните преговори може да бидат прекинат во секој момент, доколку се утврди неисполнување на договорот“.

– Теоретски, можеме да ставиме вето на секое поглавје од преговорите, доколку ги имаме потребните аргументи. Сепак, повеќето поглавја – Царинска унија, Економска унија, Социјална политика, Енергетика, Земјоделство, Статистика, Рибарство, Животна средина, Финансиска контрола итн.- немаат никаква врска со нашите барања, се додава во текстот.

Според авторот на коментарот, во пракса, само мал дел од бугарските услови, но дури и тоа не е сигурно, ќе може да бидат опфатени само во поглавјата Образование и култура, Регионална политика, Надворешни односи и Фундаментални вредности.

– Но, нема да можеме да бараме ништо конкретно или суштинско во текот на преговорите ако нашите барања во нивниот целосен обем не се експлицитно вклучени во преговарачката рамка, се заклучува во коментарот на „Факти.бг“.

Next Post
Бисера Костадиновска Стојчевска

Македонскиот јазик е заштитен, по приемот на земјава во ЕУ тој ќе биде еден официјалните јазици на Унијата

Shortcut

Најново

Кузеска: Додека граѓаните чекаат реформи за ЕУ – Стоилковиќ во Кина промовира стратешка соработка

June 2, 2026
Илустрација Фронтлајн

Андони Ираола ги договори условите со Ливерпул, Шпанецот станува нов главен тренер на „Црвените“

June 2, 2026

Герасимовски: Кино под отворено небо во центарските паркови

June 2, 2026

Николоски: Македонија ќе има најдобри автопатишта во региoнот

June 2, 2026
Анаис. Мотив, Крушево

Дневен хороскоп со Анаис за 2 јуни 2026: Дисциплина во чекорите и прагматични решенија

June 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн

    Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  •  „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk