ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Отворен Балкан во Тирана ги отстранува трговските и бариерите помеѓу граѓаните

July 26, 2022 15:55
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Наш заеднички приоритет е регионално енергетско поврзување, зголемување на енергетските капацитети, како и безбедно и стабилно снабдување со енергенси. И на техничко и политичко ниво се согласивме дека пребродувањето на енергетската криза, како и справувањето со можните ефекти од војната на Украина во недостатокот на храна, заеднички ќе го адресираме и пребродиме.

Ова го порачаа вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и неговите колеги од Албанија и Србија, Арбен Ахметај и Бранислав Недимовиќ, на заедничката прес-конференција во Тирана одржана по завршувањето на работата на меѓувладините групи во рамките на Отворен Балкан.

Трите држави, информираат од владината прес-служба,  се согласија дека обезбедувањето на храна во услови на светска криза претставува предизвик и дека заради обезбедување на одржливост во снабдувањето со храна потребно е да се создадат посебни механизми на соработка помеѓу трите земји.

Се согласија извозните забрани за определени производи на храна да не се однесуваат и за земјите од Отворен Балкан односно да имаат преференцијален третман. Благодарение на Отворен Балкан, македонските и граѓаните на Албанија и Србија, зимава ќе бидат целосно обезбедени со потребните количини на брашно, масло, шеќер, сол и другите основни немирници, информираат од Владата.

Работните групи за брза реакција при катастрофи и несреќи, додаваат, се согласија дека секоја земја ќе делегира лице за контакт од својата земја за прв одговор при криза, кои ќе комуницираат редовно.

Ова ќе значи итна реакција од секоја земја за заштита на населението на земјите на Отворен Балкан без разлика каде се случува непогодата или несреќата. Дополнително, трите земји можат да бенифицираат од заеднички пристап при барањето средства и добивањето помош од достапните ЕУ фондови, посочуваат од Владата.

Со зголемување на трговијата помеѓу земјите од Отворен Балкан, како што велат, агенциите заедно со Министерството за економија и финансии ќе работат на намалувањето или укинувањето на царинските такси, што секако ќе се прави во соработка и консултација со бизнис секторот од трите земји преку стопанските комори. Дополнително на ова ќе се работи и на можностите за онлајн плаќање со цел олеснување на процедурите и постапките.

Трите земји работат на усогласување на системите за електронските идентификациски картички да можат без проблеми да функционираат во сите три земји. Ова е финална фаза пред укинување на работните дозволи меѓу трите држави. Со овие картички граѓаните ќе имаат пристап до еден заеднички слободен пазар на труд и движење низ земјите на Отворен Балкан. На овој начин стануваме голем пазар од околу 12 милиони, истакнуваат од Владата.

Порачуваат дека земјава интензивно работи на интерконективни гасоводи со соседите. Дополнително, министерствата заедно со коморите ќе ги мапираат производните капацитети, како и потребите за потрошувачка во рамките на Отворен Балкан и ќе изготват патоказ за соработка за меѓусебна поддршка. Дополнително ќе се измапираат можностите за заеднички инвестиции во подобрување на инфраструктурата и капацитетите за производство на енергија, особено во обновливи извори на енергија. Исто така, ќе се стават на располагање сите суровини со кои трите земји располагаат за производство на електрична енергија.

Next Post

Украинската претстава „Кротењето на опаката“ на фестивалот „Охридско лето“

Shortcut

Најново

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан – Белград и Сараево одложени по изборите

September 18, 2026

Филипче: Намалена воената помош од САД, поради криминалната власт, Македонија ја губи довербата

September 18, 2026

Пријави за стаорци во Буњаковец, од општина Центар велат дека направиле сѐ што треба

September 18, 2026

„Амазон веб сервисис“ планира дата-центар кај Кожани, Грција

September 18, 2026

САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

September 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk