ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Баталете го тоа тимарење на идентитетот

July 27, 2022 08:00
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Колку-толку пристоен и урамнотежен човек не може да не ја спушти главата поради пеколниот срам од вашата детинеста и претенциозна оргија.

Да, да, драги мои идентетистки и идентетисти.

Не македонисти, затоа што тоа би била многу погрешна одредница.

Бателете го тоа тимарење на идентитетот, баталете го-жив ви бога!- целиот тој систем на неговото дување, преувеличување; и наместо да се опивате од легендата, дозволете фактите да ве создадат вас. Самото тоа би требало да ви донесе големо олеснување, отворајќи ве спрема Реалноста – но, истовремено, ослободете се од стравот дека тоа ќе ве осиромаши и ќе ви го смали духот- бидејќи Реалноста е секогаш побогата од наивните илузии и од лажните фикции.

Ние сме робови на формата.

Поради неа умираат народи.

Таа предизвикува војни.

Ако ја потцените, никогаш нема да успеете да ги сфатите глупоста, злото и злосторството. Таа управува со нашите најмали рефлекси.

Таа е во основата на колективниот живот.

Но, Формата за вас не е нешто живо и човечко, нешто-така да кажам-практично и секојдневно, туку само некаков празничен атрибут.

Парада.

Манекенство.

Фото сесија.

Наместо нацијата и идентитетот да ви служат на вас, вие ѝ служите на нацијата и со јагнешка безопасност и дозволувате да ви го стопира развојот и да ве турка во пеколот на индоленцијата.

Односно нас не туркате.

Кога низ вековите некоја средина запаѓа во силни грчеви на глупоста, со целосна сигурност може да се дојде до заклучок дека нејзините концепции не соодветствуваат со реалноста, дека, едноставно, таа се тови со фалшиви концепции, односно нејзините концепции го достигнале врвот на концепциската наивност.

Ова се адаптирани парчиња од „Фердидурке“ на Гомбрович.

Ги доживувам како врвна потврда на моите тези и заложби.

Таканаречената патриотска група, модерните комити, новите револуционери, хахаха, се во апсолутна контра на филозофската страна на романот, тие ја бранат Формата и концепциите кои дошле во судир со Реалноста, тие бараат од сите нас да се однесуваме како пилиња кои не само што одбиваат да ја пробијат лушпата на јајцето, туку се обидуваат да ја армираат.

Тие сакаат во јајцето да ја продолжат револуционерната борба од пред 41.

И затоа вреди да се потсетиме.

Тоа што ние го викаме револуционерна борба на македонски народ пред 41, всушност е една голема претстава во Бугарскиот народен театар.

Пиесата се вика „Ослободувањето на Македонија“.

Комплетната продукција на претставата, со се авторството, режијата и актерите, инспициентите и чистачките, портирите и продавачите на билети, кои се менувале во текот на времето, се бугарски.

Лоша претстава.

Наивна, да не речам инфантилна и според содржината, и според режијата, глумата и стилот.

Ниту еден друг театар во ниту една друга држава никогаш не би поставиле ваква драма.

Всушност голема пиздарија со пукање и многу убиени и убијци сите на страната на „ослободителите“.

Манекенска ревија.

Со студиско сликање и распуштање на четите веднаш по ликвидацијата на присутните јагниња.

На тоа ме влече вториот напад на мислењето преку слики.

Борбата е нешто како славско пијанчење или нешто слично на денешниве расправи на Фејсбук.

Значи, една епопеја пред која нормален и колку-толку урамнотежен човек не би можел да не ја спушти главата од пеколен срам кога ќе му речат дека тоа е таа славна борба за ослободување, па не на кого било, туку на македонскиот народ.

Македонската емиграција (замислете го вие овој термин) во Софија, така ние ги учиме тие работи, организирала и водела борба за македонска држава, слобода, нација, јазик, идентитет, посебност, сè.

Во Софија.

И од Софија.

Тоа веројатно било можно затоа што во младата бугарска држава, царскиот двор и политичката елита биле слободоумен свет, се некои интернационални слободарски типови кои уживале во тоа да им овозможуваат на другите народи да ги водат операциите за сопственото ослободување од бугарска територија.

Посебно биле слаби на аспирациите на македонскиот народ конечно да се ослободи и да формира своја држава, јазик и комплетен идентитет.

Гоце, Даме, Јане, Сарафов и другите, имале среќа што во нивно време Руменчо и Краси не биле родени.

Истото ниво на инфантилност, глупост, злоба и зло, е присутно и кај денешните ослободители.

Апсолутно исти курац.

Манифести, конгреси, конференции, изјави, интервјуа, фракции, запалености, вратни жици како градинарски црева од три четвртини, врховисти, левичари, десничари, федералисти, анархисти, хоштаплеристи, без елементарен однос кон внатрешните и светски реалности, со истата цел, односно малку поинаква од целта што ги водела манекените во вморонските чети, пред сто години, овие вторите мислеле дека со секое јагне или напупена македонска селска јатачка жена, се поблиску до ослободувањето на Македонија, а денешниве херои во истата процедура мислат дека со брзина на светлоста се доближуваат до ослободување на Македонија од сопствената држава.

Хахаха!

Сношти ја гледав промоцијата на книгата „Виенската модерна“ од Виктор Жмегач. Настан од пред дваесет и кусур години. Виенската сецесија е културолошко движење меѓу 1890 и 1920 година. Врши силно влијание врз архитектурата, музиката, секојдневното однесување на луѓето, диктира елементи на применетата уметност, начин на облекување и поведение, ја издигнува кафеаната во важна институција, го промовира и застапува индивидуализмот. Тоа е психограмот на виенската модерна. Се разбира има тоа движење и свои сериозни фаули. Брановите се шират од Виена низ целата Австроунгарска империја и наоѓаат одраз во загрепската и хрватската модерна, во поезијата, во романот, во архитектурата и музиката посебно, како и во модата, дневните манири, бонтони и сл.

Станува збор за врвни личности со апсолутно сериозни траги во светската култура и уметност: Малер, Фројд, Климт, Шиле, Витгенштајн, Штраус….

Во Хрватска, Крлежа и Андриќ.

Па ми дојде мака да прашам, што, освен коњи, комити и чети има во Македонија во тоа време. И многу подоцна, се таму до педесеттите години од минатиот век.

Океј, такви биле, околностите, но, ако не сме имале среќа или, немам поим, генетска структура да родиме некоја величина што ќе не впише во европската карта на културата, зошто треба да се глупираме со величањето на тоа од што треба да се срамиме и да бегаме. Од глупавата театарска борба со црешово топче, пушки манлихери, глупави песни и битови драми, до сета друга сиромаштија на умот и имагинацијата.

Зошто инсистираме да зрееме на тој туѓ и неквалитетен квасец.


Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Бензински пумпи во Солун и Атина инсталирале софтвер со кој се точела помала количина на гориво

May 9, 2025

В недела посебен режим на сообраќај во Скопје

May 9, 2025

Адвокатот на семејството на загинатата Фросина Кулакова: Обвинетиот Васил Јованов даде едно голо признание со намера да ја ублажат казната

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Папа Лео XIV Фото: Скриншот

    Кој е Роберт Превост, новиот папа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Почина лицето на кое беше пукано во Штип, убиецот е уапсен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk