Украина остро ги осудува бруталните воени злосторства извршени од страна на рускиот воен персонал врз украинските воени заробеници, вклучувајќи ужасни случаи на тортура, физичко малтретирање, нехумано постапување, намерно нанесување тешки страдања и сериозни телесни повреди и намерно убивање на украински воени заробеници, стои во соопштението од украинското Министерство за надворешни работи.
„Според Римскиот статут, таквите дејствија може да се квалификуваат и како злосторства против човештвото. Ја повикуваме Канцеларијата на Обвинителот на Меѓународниот кривичен суд веднаш да обрне внимание на ѕверствата на руските војници.
Појавата на информации за брутални воени злосторства извршени од руски војници врз украински воени заробеници се совпадна со времето на извршувањето на уште едно воено злосторство од страна на Русија – гранатирањето на поправниот дом во окупираната Оленивка, каде се смета дека се држеа украински воени заробеници.
Министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба ја повика меѓународната заедница да го осуди бруталното кршење на меѓународното право од страна на РФ и веднаш да ја признае Русија како терористичка држава“, наведуваат од украинското МНР.