РИБАРО
Кој им подметна расипани свирчиња на регрутите од Левица и ДПМНЕ кои требаше да ја расипат прославата во Крушево за 2 Август – Денот на Републиката; зошто рерутите на вмровците и левица ги немаше живи; каде потфрлија платените инфлуенсерски клукајдрвци од социјалните мрежи. Ова биле прашањата во телефонскиот разговор утрово помеѓу Апасиев и Мицкоски, јавуваат изворите на АХА од белата палата на вмровците.
Мицко: Димче, фијаско доживеавме вчера на Мечкин Камен, гледаше ли? Овие моиве Александар и Ковачки, уште малку народот на клоци што нè ги избрка. Ги исвиркаа, како покапани мачори со наведнати глави го напуштија Мечкин Камен. Каде беа твоите регрути? Нели се договаравме јако да биде – да ја уништиме прославата, да го исподелиме народот, да го закрвиме?! Вака, што испадна – прослава со сите салтанати. Луѓе обединети, не исшамараа на јавна сцена. Нели рускиве пријатели помагаа во организација на ујдурмата, дадоа и свирчиња и што ли не?
Димче: А бе Мицко, наместо ти да се нацрташ во Крушево, се скри во Ташмануришта човече. Пандов ми го прати вкачен на коњ, да ни се смеат сите. Немој мене вина да ми ставаш, моите колку можеа се обидуваа да расипат, ама шака јада сме, нè прочита народот.
Мицко: Немој ти мене Ташмануришта да ми кажуваш! Побегна дури во Кавала бе Димче, јас бар во државава бев скриен. Со свирчињата од русиве што се деси, мукла беа?
Димче: Е, свирчињата си беа ок, амо овие нашиве мамлази се начукале од пакетите Вотка донација од браќава руси, па немале сила да дувнат. Уствари, рускиве браќа намерно да нè ни подметнаа Вотка?
Мицко: Се избрукавме прописно. Ајде, наредна година ќе се стегнеме појако.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK