Да останеше Петре, или во најмала рака „најбољата менаџерка на сите времиња” да знаеше што прави, досега ќе беше завршен тендерот и есенва ќе почнеше БРТ да се гради по улиците низ Скопје. За две години ќе имавме нов јавен превоз за кој што скопјани сонуваат неколку децении, пишува на Фејсбук Никола Наумоски, поранешен шеф на кабинетот на претходниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов.
„Сега чекаме Данела да смисли причина зашто ветувањето за бесплатен превоз нема да може да се исполни. Да видиме кој ќе биде крив – дали опозицијата што го задолжила градот, дали Албанците и Ромите кои не плаќале карти, дали енергетската криза, дали прехранбената криза, дали судбината клета… битно Скопјани ќе си останат и без бесплатен превоз и без БРТ“, вели Наумоски.
После референдумот за трамвајот и договорот за БРТ се поминати 32 години. Да се надеваме дека за 30 години од сега некој градоначалник ќе биде блиску до воведување на трамвај во Скопје. Како и со референдумот од 89-та, така и сега ќе си спомнуваме дека новиот јавен превоз ни бил на дофат, ама скопјани си пукале во нога, напиша Наумоски на ФБ.