Во регионот на Доњецк, руските напаѓачи отворија оган на општинската автобуска постојка во Торецк, при што загинаа осум локални жители, а четворица беа повредени, меѓу кои и три деца, изјави началникот на регионалната воена управа на Доњецк, Павло Кириленко, на Телеграм.
„Осум мртви, четворица ранети – ова се последиците од гранатирањето на Торецк, кое Русите го извршија денеска околу 11 часот. Меѓу четворицата повредени има и три деца. Според првичните информации, станува збор за артилериски оган. Тие погодиле автобуска постојка, каде во тоа време имаше гужва“, напиша Кириленко.
Дополнително, Русите ја оштетиле црквата и повредиле локален свештеник, нанесувајќи им штета и на околните станбени блокови.
„Руските окупатори секој ден удираат цивили – секој ден нашите луѓе се убиени и повредени. Руска мета! Евакуирајте веднаш!“ потенцираше шефот на регионот.
Подготви: Ј. Ѓ.