Пратеникот во рускиот парламент, Алексеј Александрович Журавлев на државниот ТВ канал, го нарече нацист германскиот новинар на БИЛД и му вети дека ќе го убие.
-Ариевците од БИЛТ скокнаа во нашата омилена програма, погледнете рече Журвалев.
„Извинете на изразот, но ние „побудалевме“ кога слушнаме како руските пропагандисти зборуваат за нашиот прекрасен дописник. Гледајте, Попов, главниот пропагандист на Путин, се обидува да го оцрни нашиот Бјорн (Штрицел), нашиот коресподент/дописник којшто професионално извествува од војната во Украина, пренесува една германска телевизија.
On a state TV channel, the member of the Russian parliament Alexei Zhuravlev called the German BILD journalist a Nazi and promised to kill him.
English subtitles pic.twitter.com/5FRVNjWKeS
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) August 7, 2022
Русите беа потресени од извесувањето на Бјорн од фронтовите во Источна Украина. Тој кажуваше и покажуваше како Украинците ги користат германските хаубици ПЗХ 2000. Русите ги нарекуваат нивните (германските) хаубици „нацистички“ и „фашистички“ а Бјорн го нарекуваат „нацист“, пренесуваат германските медиуми, а сето тоа беше емитувано во емисијата „60 минути“, на Попов.
„……Ариевски пропагандисти и воени поттикнувачи. За разлика од вас, потомци на Гебелс и Наци агитатори, нашите репортери работат во Донбас и Украина од почетокот на криминалот што вие го создадовте, рече водителот Евгениј Попов.
„Не ме интересира, сакам да му кажам на „нацистов“- „Пе**ру, ќе дојдеме и сите ќе ве убиеме“, рече Журвалев, кој беше соговорник во емисијата.
Тогаш Попов му се обрати: Александар Александрович, тоа се новинари. Можеби се пропагандисти, но да не бидеме такви.
Не ми е гајле, ќе одам таму и ако го видам…, рече Журавлев.
Попов му врати: „Ајде да не убиваме никоко, им се заканувате на луѓе во нашата програма“.
Да, се заканувам. И, што? – дрско возврати Журавлев.
Обработка: И. Т. З.