Министерот за надворешни работи на Естонија, Урмас Реинсалу, изјави дека верзијата на руската безбедносна агенција за убиството на пропагандистката Дарија Дугина, каде што осомничена е Украинката Наталија Вовк, која наводно „побегнала во Естонија“, е провокација, пренесува Укринформ повикувајќи се на ERR.
Првиот дипломат истакна дека Русија се обидува да изврши притисок врз Естонија поради нејзината поддршка за Украина.
„Зошто Естонија сега ги доживува најголемите сајбер напади од „Бронзените ноќи?“ Зошто поранешниот претседател на Русија пред две недели рече дека нивна вина е што Естонија е сè уште слободна земја? Мислам дека сите овие настани и разни дејствија се дел од поширок контекст, а целта на ова е да се изврши недвосмислен притисок со различни алатки врз Естонија и низа други земји кои ја поддржуваат Украина. Естонија ги смета изјавите на ФСБ како провокација од страна на Руската Федерација. Немаме ништо повеќе да се додаде на ова“, рече Реинсалу.
Треба да се потсети дека руската ФСБ тврдеше дека го решила неодамнешниот атентат на пропагандистката Дарија Дугина. Како виновник е наведена Наталија Вовк, државјанка на Украина, наводно вработена во украинските специјални служби.
Извор: ЦивилМедиа