ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Како држави се солидаризираме и преземаме конкретни чекори заеднички да се справиме со кризата

September 2, 2022 15:14
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска беше многу важен ден за регионот. Од овој самит на Отворен Балкан ние сме тука заедно и испраќаме порака дека како држави и како влади се солидаризираме и преземаме конкретни чекори заеднички да се справиме со кризата во која што се наоѓа Европа и во која што се наоѓаат нашите земји, изјави премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференцијата на лидерите на Самитот на Отворен Балкан во Белград.  

Зимата пред нас која доаѓа долга и ќе биде најтешка по Втората светска војна како за нас, така и за целиот свет. Но, ако судам по сите разговори денес подобро е да ја пребродиме заеднички отколку секој да ја пребродува самостојно. Тоа е суштината на Отворен Балкан – поврзување, солидарност, добрососедство, се во функција на подобрување на животот и стандардот на граѓаните. Тоа го имаме на ум и во овие кризни времиња, но тоа не е нешто ново за нас, рече Ковачевски.

Тој потсети дека соработка има и во обезбедување достапност на храна и оти лидерите на Иницијативата се договориле прво меѓу себе да си помагаат, доколку се соочиме со недостиг на домашни пазари како последица од глобалната криза.

Тука станува збор за основните прехранбени производи за кои нема да имаме забрани за тргување. Ќе овозможиме нивен стабилен и непречен проток без никакво ограничување. Дури и да поставиме забрана за извоз таа нема да важи за земјите од Отворен Балкан.  Ние како Влада во Северна Македонија веќе долго време работиме на зголемување на домашното производство на храна, но ова кое денес го постигнавме преку потпишување на Договорот за соработка и воспоставување механизми за обезбедување на храна гледаме и пошироко и настапуваме како регион кој се грижи за своите граѓани и даваме алтернатива во решавањето на егзистенцијалните прашања во овие тешки времиња, рече Ковачевски.

Тој рече дека покрај нашите конкретни чекори за решавање на проблемот со недостиг на храна со кој потенцијално се среќава светот, тие се согласиле и за уште едно многу важно прашање, а тоа е соработката во енергетиката и справувањето со енергетската криза.

Ќе ги подобриме условите за меѓународната трговија со електрична енергија и тука веќе разговараме во насока за можност да се оствари соработка помеѓу Српската берза за електрична енергија и Македонскиот оператор на организиран пазар на електрична енергија, рече тој, додавајќи дека земјава ги ангажира сите капацитети за производство на енергија. Домашното производство треба да ги покрие сто проценти од потребите на регулираниот  пазар. На тема енергија од обновливи извори сакам да посочам дека она што ние го имплементираме во моментов на домашен план како искуство може д се искористи и на регионално ниво и за тоа постојат многу точки од интерес за сите земји од регионот, рече Ковачевски.  

Според него, консолидацијата на електроенергетските системи на која било држава особено со капацитетите финансиски со коишто располагаат нашите три држави практично е невозможно доколку секоја држава го прави поединечно.

Меѓутоа, доколку заеднички работиме на среден и на долг рок во однос на воспоставување на нови производствени капацитети на електрична енергија, особено на базна енергија и особено на енергија од обновливи извори на енергија тогаш ќе направиме многу побрзо и многу повеќе заедно за државите и за сите граѓани во нив. Ние како Влада ги ставаме во функција сите енергетски потенцијали. Но, како што истакна и претседателот Вучиќ, ако ние имаме производствени капацитети истовремено имаме и недостаток на суровини за производство на електрична енергија коишто ги има или во Србија или во Албанија и затоа оваа регионална соработка е исклучително значајна, рече тој.  

Ковачевски потсети дека ваквото поврзување на регионот кое го имаме денес, но и вчера на саемот е чекор напред кон остварување на нашата заедничка цел за економска соработка и окрупнување на нашата понуда кон европските и светските пазари, а со тоа и поголема конкурентност и реални шанси во обезбедување подобар животен стандард на граѓаните.

Поединечно доколку настапуваме на светскиот пазар и пред светските инвеститори сме послаби, меѓутоа заедно доколку настапуваме тогаш и шансите за привлекување и на странски директни инвестиции во регионот се многу поголеми, а исто така поголема е и можноста за задржување на постојните странски инвеститори од големите индустрии да останат тука во регионот и нивно ширење, рече Ковачевски на на прес-конференцијата на лидерите на Самитот на Отворен Балкан во Белград.

Next Post
Николовски на Самитот Отворен Балкан во Белград

Земјите-членки на Отворен Балкан потпишаа Договор за обезбеденост со храна

Shortcut

Најново

Винарија Душа во Волково ги отвори вратите за посетители и вински дегустации

November 28, 2026

Човечки мозочни клетки одгледани во лабораторија: Нова надеж за истражување на мозокот

November 28, 2026
Африм Гаши

Африм Гаши повикан на одговорност за блокираните законски измени за заштита на жените

November 27, 2026
Марш пртиво фемицидот во Скопје

Марш против фемицидот во Скопје: Шест барања до институциите со рок до 10 декември

November 26, 2026

16 дена активизам против насилството врз жените: ОН предупредуваат на 70 проценти повеќе пријави во Северна Македонија

November 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Винарија Душа во Волково ги отвори вратите за посетители и вински дегустации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новиот филм „Ѕвездени патеки“ на Парамаунт: Мрачен пресврт и целосно нови ликови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Човечки мозочни клетки одгледани во лабораторија: Нова надеж за истражување на мозокот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неказнивоста не е пропуст, туку систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk