ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Земјите-членки на Отворен Балкан потпишаа Договор за обезбеденост со храна

September 2, 2022 15:24
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Николовски на Самитот Отворен Балкан во Белград

Николовски на Самитот Отворен Балкан во Белград

Share on FacebookShare on Twitter

Во рамки на саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ денеска, Северна Македонија, Србија и Албанија, потпишаа Договор за обезбеденост со храна.

Како што објави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на својот фејсбук профил, Договорот ќе овозможи земјите членки на Отворен Балкан да си помагаат меѓусебно во случај на прекин на синџирите на снабдувањето со храна како последица од глобалната криза.

-Денеска постигнавме уште еден голем успех, уште една цел од која најголем бенефит ќе имаат нашите народи. Ви честитам на сите, нашите влади со потпишувањето на Договорот за обезбеденост за храна покажаа вистинска грижа за својот народ. Овој Договор е само почеток на една многу поголема идеја, а тоа е развивање на сеопфатен акциски план за долгорочна обезбеденост со храна, кој е проектиран до 2030 година. Ја реафирмираме солидарноста како основен принцип на Отворен Балкан, ја зајакнуваме регионалната соработка, ги отвораме границите за непрекината трговска размена и овозможуваме стабилен и непречен проток во снабдувањето на основните земјоделско-прехранбени производи без никакви ограничувања, наведува Николовски.

Договорот, дополнува министерот, е уште една потврда дека Србија, Албанија и Северна Македонија се заедно во овие тешки времиња.

-Благодарение на Отворен Балкан, водени од една заедничка цел, сега кога е најтешко, во услови на криза, со отворени граници обезбедуваме доволно храна за нашите три соседни народи, за нашите пријателски земји. За таа цел денеска потпишуваме Договор за соработка во областа на механизмите за обезбеденост со храна во Западен Балкан. Согласно Договорот, доколку некоја од земјите се соочи со недостаток на храна, другите две земји искажуваат силна подготвеност да помогнат со тоа што нема да има забрани за тргување со основните земјоделско прехранбени производи. Ова е Отворен Балкан, ова се три пријателски влади, три соседни народи соединети со јасна визија за тоа како треба да изгледа вистинско добрососедство, базирано на солидарност, потенцира Николовски.

Next Post

Проект „Вински патишта на Отворен Балкан“ потпишаа министрите Бектеши, Матиќ и Кумбаро

Shortcut

Најново

Урсула фон дер Лајен, 16 септември 2026 (фото: ec.europa.eu)

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје, Мицкоски нуди дијалог: Уставните измени остануваат клучниот чекор кон ЕУ

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

September 30, 2026

Антитерористичка акција во Скопје, петмина приведени, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Мицкоски тврди дека инфлацијата кај нас е пониска од европската: Што навистина значат бројките?

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: Има ли Мицкоски нешто ново да ѝ каже?

September 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk