Официјален Кијив соопшти дека украинските оружени сили вчера го ослободиле местото Високопилија во херсонската област.
Кирило Тимошенко, заменик-шефот на Кабинетот на украинскиот претседател, објави фотографија од подигнувањето на украинското знаме во Восокопилија.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на воен состанок изјавил дека украинските знамиња се повеќе се враќаат таму каде што припаѓаат.
„И нема место за окупатори во нашата земја“, ја објавува Кабинетот изјавата на претседателот, без притоа да се дадат детали.
Медиумите во Киjив уште јавуваат дека украинските воени единици во текот на вчерашниот ден го ослободиле и местото Озерне во Доњецк.
Украинската армија на крајот на минатиот месец покрена офанзива за ослободување на регионот Херсон што руските сили го зазедоа набргу по почетокот на инвазијата на 24 февруари.