ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Балансирани до коска

September 6, 2022 11:31
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Кога ќе уапсат некој што силувал жена или дете, не го бараат за интервју. Кога ќе осомничат некого за пожар, се разбира, се работи за пироман. Ако се слушне дека некој крадел, ограбувал или мамел, не оставаат место за сомнеж, тој е валкан арамија, особено ако е припадник на етничка заедница што има „силни предиспозиции“ за криминал. Се знае, најмалку за една етничка заедници во „жална Македонија, од сите страни сардисана“ е познато дека е склона кон криминал и непочитување на државата. По потреба се две, односно три, зависно од контекстот и „видот на криминалното дејствие“.

Кога некој е осомничен за убиство, тој е убиец. Ако е од етничката заедница „дискретно“ посочена, а „коректно“ неименувана претходно, тогаш тој е и „крволочен убиец“, бидејќи тоа „им тече во вените“. Ако се работи за напаѓач што ги малтретира жртвите, се работи за „монструм“.

Но затоа ќе се истепаат кој попрво ќе го одбрани правото на Путин да добие (најмалку) половина, ако не и сѐ што може да се пружи од медиумскиот простор. Руската војска, под команда на Путин и со благослов од Црквата, урива и пали цели градови и села, ги срамнува со земја, уништува породилишта, училишта, градинки, театри, масовно убива цивили, спроведува невиден терор, тортурира и масакрира, масовно силува жени, деца, дури и бебиња… Ограбуваат сѐ што можат од испразнетите домови за да ги „израдуваат“ своите мајки и сопруги дома. Многу „домаќински“, нели?

Но македонското новинарство е „професионално“ и „балансирано“. Секогаш ќе се најде простор за „руската страна“ која, кутрата, никако да добие доволно простор во западните медиуми. А Путин, пак, тој ѝ е интересен на нашата публика, „влече кликови“, па затоа секогаш е добро да се има по некоја сторија за него.

Нашата публика „заслужува“ да го запознае Путин. Затоа, во сите различни варијанти ќе објавиме како јава на коњ, онака снажен дополу соголен. Па како вози камион со градежничка кацига на главата, слаткиот тој, колку е близок до народот. А и со животните, ѓоа Тарзан е, видете го. Близок до народот и животните, но затоа, видете го колку е строг со западните лидер, па ги прима на другиот крај од онаа долга прекрасна бела маса во неговиот дворец.

Кога ќе се налути, како и секој „добар и справедлив татко“ и неприкосновен владетел, поточно цар, тој ги пика предавниците во затвор по 20 и кусур години. Русија е голема, има 140 милиони жители. Сите ги сакаат да „чепнат“ од руските богатства. Кутриот Путин, принуден е да владее со цврста рака.

И со домашната политика е исто. Македонските професионални и до изнемоштеност балансирани  медиуми, даваат сѐ од себе да го оправдаат тој опис.

Не може да не им се даде „коректна“ предност на Мицкоски и на оние што Дерала „некоректно“ ги нарекува рашисти. Навистина, некои политичари сакаат да сторат сѐ што можат и не можат, само да ја оддалечат земјата од евроинтеграцискиот курс, но македонските „балансирани“ медиуми секогаш ќе најдат понекој добар збор и што е можно повеќе „балансиран“ простор да ги претстават и образложат своите идеи. Можеби имаат добри причини за тоа. Нели и порано, во времето на Груевски, слушавме дека Западот е лош, расипан, нечесен и перверзен? А и онаа етничкана заедница што ги произведе „Рамковните“ се претераа. Сѐ им дадовме! Чекај, чекај, што вели „интелектуалата“и „експертите“? Дека Албанец нема право да преговара со Бугарија? Па има резон тоа. Дајте малку „балансиран“ медиумски простор и за тоа! Референдум за укинување Договорот со Бугарија? Ааа, тоа е сериозна тема. Дајте што е можно повеќе „балансиран“ медиумски простор за тоа! Ни збор да не се испушти.

Освен за политичките идеи и постапки, публиката сака да знае кога детето на Груевски, пардон, Мицкоски тргнува на првиот училиштен ден. Не мора да значи дека „ние, медиумите“ градиме култ кон авторитарните личности, та нели сме „балансирани до коска“? Власта е власт, треба секогаш да се критикува, дури и тогаш кога ја обезбедува европската иднина на земјата. Дајте да видиме што за тоа вели опозицијата и нејзините „добри познавачи“ и „аналитичари“! Тоа е балансирано новинарство!

Мицкоски е наследник, а порано и дел од клептократска и насилничка клика што ја ограбуваше и тероризираше сопствената земја, сееше страв и поделби, и ја оддалечи земјата од националните стратешки определби? Дајте, господине Дерала, бидете „коректни“, каков е тој „неизбалансиран“ речник?


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

Next Post

Словачката претседателка Чапутова утре во Скопје

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk