ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

Трендафилов до Мицкоски: Паричките наместо да им ги броите, да им ги дадете на работниците

Протестираме за 600 евра минимална плата денес, не за 2028 година

January 30, 2026 21:46
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, остро ја критикуваше Владата за односот кон работничките плати, најавувајќи нови протести и блокади доколку не се прифати барањето за минимална плата од 600 евра од февруари 2026 година.

„ОВАА ВЛАДА, БЛАДА е графит на фасадата на Министерството за култура кој ја отсликува моменталната состојба“, изјави Трендафилов, обвинувајќи ја Владата за манипулации околу зголемувањето на платите.

Тој порача дека наместо да ги „бројат паричките“, Владата треба да им ги даде на работниците, но и јавно да каже по која формула ќе се зголемуваат платите на функционерите.

„Паричките наместо да им ги броите, да им ги дадете на работниците, но не спомнувате ништо за паричките што ќе ги земете вие, по која формула се тие?“, праша Трендафилов, одговараќи на изјавата на премиерот Мицкоски за „паричките“. (11.30 мин. од видеото).

Во однос на тврдењата дека Владата сакала да понуди 40 проценти зголемување на платите, но дека синдикатот тоа го одбил, Трендафилов ги оцени како неосновани.

„Како тоа оваа Влада сака да им даде на работниците 40 проценти зголемување на платите, ама синдикатот не сакал, па затоа тие не им дале?!“, рече тој, додавајќи дека Владата зборува за 2028 година, додека синдикатите бараат решенија веднаш.

„Македонија денес живее во 2026 година како и целиот свет, а тие живеат во 2028 година. Протестираме за 600 евра минимална плата денес, не за во 2028 година“, истакна Трендафилов.

Тој упати јавен повик до претставник на Владата во понеделник да дојде во просториите на ССМ и да го потпише колективниот договор.

„Го повикуваме претставникот на Владата во понеделник да дојде во ССМ и да го потпише колективниот договор со кој ги зголемува платите на вработените за 40 проценти и наместо во 2028 година да ја зголемиме минималната плата на 600 евра од февруари 2026 година“, изјави тој.

Трендафилов нагласи дека ССМ не ги одбива зголемувањата, туку напротив – протестира за нив.

„Ги покануваме преку вас, медиумите, да дојдат и да ја зголемат платата, наместо да манипулираат дека ССМ одбил зголемување, додека ние од улица им порачуваме дека не ги зголемуваат платите“, рече тој.

Доколку тоа не се случи, најави ескалација на протестите.

„Наредната недела ќе започнеме со блокади, како што најавивме на големиот протест. Ќе започнеме со блокади на Собранието“, изјави Трендафилов.

Тој додаде дека пратениците ќе мора да доаѓаат на работа пешки или со јавен превоз.

„Тоа значи дека пратениците ќе мора да дојдат пешки или со јавен превоз, како што одат работниците на работа. Тој ден нема да можат да наплатат патни трошоци, а ќе побарам од претседателот на Собранието да нè информира кој пратеник побарал патни трошоци за тој ден“, порача претседателот на ССМ.

Ј. Ѓ.

Tags: минимална платаМицкоскиССМТрендафилов
Next Post
Фото: Министерство за правда на САД

Објавени над три милиони документи од истрагата за Џефри Епстин: Трамп се спомнува стотина пати, објавени и мејлови со Маски

Shortcut

Најново

Полициска бруталност во Албанија: ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Енергетско „примирје“ на руски начин: Днипропетровск, октомври 2026 (ДСНС)

„Енергетското примирје“ на руски начин: Домови, трговски центри и електрани во пламен – теророт продолжува

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk