ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Актерката Силвија Стојановска доби ослободителна пресуда по обвинението за шверц на кокаин

September 7, 2022 14:22
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Актерката Силвија Стојановска денеска во Кривичниот суд доби ослободителна пресуда по обвинението за шверц на кокаин.

Апелацискиот суд претходно донесе одлука да го врати предметот на повторно судење, откако актерката Стојановска со првостепена пресуда беше осудена на три и пол години затвор за делото што ѝ се ставаше на товар – шверц на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија.

Првообвинетиот Воислав Будисављевиќ, пак, кој беше првостепено осуден на седум години затвор, поднесе жалба, но наместо ослободување или враќање на судењето отпочеток како што бараше, Апелацискиот суд му ја зголеми казната на 12 години затвор.

Актерката се гонеше за делото 215 од Кривичниот законик со кое се казнува неовластено производство, продавање или продажба, држење и транспорт на наркотични дроги. Таа беше обвинета по ставот 3 кој вели дека ако делото го извршиле повеќе лица или сторителот на делото организирал мрежа на продавачи и посредници, ќе се казни со затвор од една од пет години.

Меѓутоа, како што објаснија од судот, во повтореното судење се следеле напатствијата од Апелација, се анализирале докази и од нив не се гледа мрежата односно учеството на актерката во неа.

„Овој судечки совет смета дека јавниот обвинител не докажал надвор од разумно сомнение дека таа го сторила делото“, рече судијата Огнен Ставрев.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција обвинението за овој случај го поднесе на 12 јуни 2020 година откако претходно беше отворена истрага во рамки на меѓународната операција под кодно име „Колибри“ во која апсења на три лица имаше и во Шпанија. Еден од нив беше братот на Будисављевиќ.

 

Next Post

Тухел доби отказ од Челзи

Shortcut

Најново

Руска пропагандна мрежа под удар на АНБ: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
Урсула фон дер Лајен, 16 септември 2026 (фото: ec.europa.eu)

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје, Мицкоски нуди дијалог: Уставните измени остануваат клучниот чекор кон ЕУ

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

September 30, 2026

Антитерористичка акција во Скопје, петмина приведени, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Мицкоски тврди дека инфлацијата кај нас е пониска од европската: Што навистина значат бројките?

September 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градот останува, животот исчезнува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk