Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Погледнете ја вие оваа сериозност.
Оваа концентрација.
Ова внимание.
Микрофоните во ерекција, фаците пред фелација…
Тој им вика: Не сум против тоа Бугарите да влезат во Уставот, но нема да ги пуштам, прво да победиме на референдумот, па да го напуштиме законот за ратификација на договорот со Бугарија, па нашето МНР да го извести бугарското МНР дека сме го напуштиле договорот, дека тој договор е отровно дрво што раѓа отровни плодови, по една година да го раскинеме, па да ја поканиме Бугарија и да разговараме и да видиме на кој начин тие би признале дека Кирил и Методиј, Климент и Наум, царот Самоил и Гоце Делчев, Христо Стоичков и Лили Иванова се чистокрвни Македонци кои зборувале или зборуваат на чист македонски јазик, од која школска година 500.000 Македонци во Бугарија ќе почнат да учат и политички да се изразуваат како Македонци, врз основа на тоа да потпишеме нов договор, нови протоколи и нови препораки, односно нова рамка врз основа на тие документи и така, ако даде Господ, во 3.987 година како достоинствена држава и народ, да влеземе во Европската унија…
И на никој не му текнува да се сврти и да си замине, или да ги слече панталоните и гаќите и да му го покаже газот или предниот дел на меѓуножјето, никој не вади кондура да го мавне, сите брзаат во своите радиоактивни редакции да ја известат нацијата колку убаво мириса новото говно на лидерот.
Пако Рабан: Милениум!
Хахаха!
Како е тоа можно?
Македонија се однесува како жена која се срами или се плаши да признае дека вмро ја силува.
Разликата со таканаречените новинари е во тоа што тие воопшто немаат чувство уште помалку свест за тоа дека се силувани.
Тоа што за нормалниот свет е силување, за македонскиот новинар е сладолед со фстаци.