ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Влада: Предлок-одлука Кризната состојба во енергетиката да продолжи до мај 2023 година, нови мерки за финансиска поддршка на земјоделците

September 13, 2022 16:50
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата денска на 82. седница донела Предлог-одлуки до Собранието за продолжување на кризните состојби со топлинска енергија и со електрична енергија до 30.4.2023. Донесени се и нови мерки за финансиска поддршка на земјоделците.

Како што известуваат, Владата ги усвоила заклучоците, мерките и препораките на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи.

„Согласно тоа, беше прифатен предлогот за продолжување на кризната состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можност за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија, до 30.4.2023 година. Воедно, беше прифатен и предлогот за продолжување на кризната состојба во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на Република Северна Македонија, до 30.4.2023 година заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија. Предлог-одлуките за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на целата територија на Република Северна Македонија, заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електричната енергија и за продолжување на кризната состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можност за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија, ќе бидат доставени на разгледување и одлучување до Собранието“, соопштуваат од Владата.

На седницата, бил разгледан и прифатен текстот на Меморандумот за соработка помеѓу DAI Global, LLC. и Владата на Република Северна Македонија, со кој се формализира соработката во рамки на Програмата за јакнење на отпорноста и дигитализација на критичната инфраструктура, управувана од DAI во име на УСАИД и Министерството за информатичко општество и администрација.

„Со Меморандумот се предвидува техничка помош наменета за МИОА како претставник на Владата, за подобрување на превенцијата, подготвеноста, одговорот и закрепнувањето при соочување со заканите за сајбер безбедноста на критичната инфраструктура во Република Северна Македонија“, информирааст од Владата.

Пред министрите, била претставена и Информацијата за повеќегодишна јавна набавка за финансирање на активности за реконструкција на филтер станица за вода за пиење во Берово, подготвена од Министерството за животна средина и просторно планирање.

„Согласно Стратешкиот план на ресорното Министерство за 2020-2022 година, меѓу приоритетните цели се: развивање на современа и модерна инфраструктура, односно изградба на канализациони системи за квалитетно собирање и одведување на отпадни води и приклучување на сите корисници на комуналната инфраструктура“, истакнуваат од Владата.

Со денешниот документ, како што соопштуваат, до 2024 година се утврдува динамиката на реализација на реконструкцијата на филтер станицата за вода за пиење, која снабдува 10.000 жители во Општината Берово.

Владата денеска усвоила измени и дополнувања на Програмата за спроведување на интервентен фонд за земјоделството и согласно новите финансиски средства ќе се имплементираат нови мерки.

Согласно мерките се обезбедува финансиска поддршка:

–          за произведена и продадена зелка за период од  13.04.2022 година до 07.05.2022 година со висина од три денари по килограм,

–          за трошоци за набавка на вештачки ѓубрива во производство на пченица и  јачмен со висина од 3.000 денари по хектар за трошок за набавка на вештачки ѓубрива, како и

–          за произведена и предадена слива кај регистрирани откупувачи за период од 20.8. 2022 година до 30.9.2022 година со висина од два денари по килограм за откупена во месец август и четири денари по килограм за откупена во месец септември.

„На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство беше усвоена  и Информацијата за реализација на прва фаза – водоснабдување од проектот ЈПХС „Злетовица“ за општините Штип, Карбинци, Свети Николе и Лозово и добивање на одобрение за отпочнување на постапки за повеќегодишни јавни набавки за реализација на активностите за општините Свети Николе и Лозово. Реализацијата на активностите од прва фаза – водоснабдување од Проектот ХС „Злетовица“ за општините Штип, Карбинци, Свети Николе и Лозово е со цел да се обезбеди чиста вода за пиење и целосно подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните на овие општини. Во исто време, проектот ќе обезбеди одржлив систем за долгорочно профитабилно функционирање на ЈП ХС „Злетовица“ – Пробиштип“, соопштуваат од Владата.

Владата на денешната седница ја разрешила Иринка Сотирова- Бухова од должноста в.д. директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, на нејзино барање. За в.д директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат ја именува Рената Младеновска, информираат од Владата.

Ј. Ѓ.

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Вимблдон ФБ

(ВИДЕО) Ново полуфинале за Алкараз на Вимблдон

July 8, 2025

Кос: Владата во Скопје има историска можност и одговорност да направи решавачки чекор кон ЕУ со спроведување на уставните измени

July 8, 2025

Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

July 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Голема брзина причина за несреќата во која загинаа Жота и неговиот брат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силјановска Давкова за извештајот на ЕП: Не сум шокирана, во ЕП седат и претставници на партии што се против самата ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што содржи Предлог-извештајот на Вајц за земјава за кој денеска ќе дебатираат членовите на ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град без визија: Зошто Скопје не смее да падне во рацете на лажен ПР

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk