ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ: Правиме чекор напред во евроинтеграциите, од КОВЕБ преминуваме во КОЕЛА

September 14, 2022 14:50
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска заедно со премиерот Димитар Ковачевски и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ја имаа првата средба со работното тело на Советот на ЕУ надлежно за земјите кои преговараат.

Во текот на последните подготовки, денеска се одржува првиот работен состанок со КОЕЛА пред утрешниот почеток на скрининг процесот. Одиме чекор напред во евроинтегративниот процес, од КОВЕБ преминуваме во КОЕЛА, со што се потврдува ЕУ перспективата и поддршката од сите земји членки на Унијата за нашата земја, рече на состанокот Маричиќ.

Како што соопшти СЕП, Маричиќ кој е и главен преговарач во преговорите со ЕУ ја искористи приликата и го изрази своето задоволство од брзиот трансфер во работното тело КОЕЛА, потенцирајќи дека постои подготвеност да имаат чести состаноци во наредниот период, додека Северна Македонија напредува во преговорите.

Процесот на проширување оди напред, отворањето на пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија треба да се сфати како позитивен сигнал и поттик за сите максимално да се посветиме и брзо да ги испорачаме реформите, додаде Маричиќ.

Маричиќ пред присутните делегати, претставници на земјите членки на ЕУ во работното тело за проширување при Советот на ЕУ, направи ретроспектива на подготовките за почетокот на преговорите, во изминатиот месец, истакнувајќи дека во периодот кој следи ќе се засили партнерската соработка со Европската комисија и земјите-членки на ЕУ.

Свесни дека преговарачкиот процес е сложен и предизвикувачки, ние како и секогаш сме подготвени да работиме тесно и во партнерство со Комисијата и нејзините служби, како и со земјите-членки на ЕУ, за побрзо да го завршиме нашиот дел од работата, рече тој.

На состанокот Маричиќ уште еднаш ја потврди заложбата на Владата овој процес да биде транспарентен и инклузивен, со вклучување и соработка со различни чинители како што се граѓанското општество, академската заедница и бизнис заедницата и сите други засегнати страни.

Апсолутно е важно да имаме национален консензус за пристапниот процес и опозицијата да игра конструктивна улога во исполнувањето на нашата стратешка цел за полноправно членство. Во моментов ги операционализираме сите тела на структурата и паралелно Секретаријатот за европски прашања работи на развивање на насоки и градење капацитети за сите тела, истакна тој.

Присутните на состанокот развија дискусија и за глобалните предизвици, како што се војната во Украина, енергетската и прехранбената криза, потребата за закрепнување по КОВИД, кибер безбедноста итн., кои се причина плус за Унијата да го заврши обединувањето на континентот.

Целосно обединета ЕУ ќе биде поотпорна и способна ефективно да одговори на сите сегашни и идни предизвици. За нас од другата страна нема алтернатива и затоа треба да го искористиме моментумот и со брзо темпо да се движиме кон полноправно членство во ЕУ, заклучи Маричиќ.

Вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со Унијата, денеска заминува за Брисел, во пресрет на утрешниот почеток на скрининг процесот со Европската Унија.

Next Post

Ковачевски со Работната група на Советот на ЕУ, КОЕЛА: Нов чекор напред во евроинтеграциите, по отворените преговори

НАЈНОВО

Фото: МИА

Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

November 2, 2025

Герасимовски: Центар што го сакаме е победнички и во сигурни раце

November 2, 2025
Фото: МИА

Во Кочани кандидатот на ВМРО–ДПМНЕ Владко Грозданов, прогласи победа

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Чудото до пирамидите: Египет официјално го отвори „Grand Egyptian Museum“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk