Автомобилот на украинскиот претседател Зеленски се судри со возило во Кијив во средата, но не се здоби со поголеми повреди, објави прес секретарот Серхиј Никифоров на Фејсбук. Никифоров додаде дека полициските службеници ја истражуваат несреќата, објави Цивил Медиа.
„Во Кијив автомобил се судри со автомобилот на Претседателот на Украина и возилата за придружба. Лекарите кои го придружуваа шефот на државата му пружија итна помош на возачот на автомобилот и го префрлија во амбулантно возило. Претседателот беше прегледан од лекар, не се констатирани сериозни повреди. Полицијата го истражува случајот“ – напиша Никифоров.
Зеленски беше во посета на регионот Харкив, каде што присуствуваше на кревањето на украинското знаме во ослободениот Изиум.