Силен земјотрес со интензитет од 7,4 степени го погоди Мексико. Според мексиканските сеизмолози, епицентарот на потресот се наоѓал на брегот на Пацификот, на 46 километри југоисточно од градот Ла Пласита де Морелос во државата Мичоакан, на длабочина од 10 километри.
Земјотресот го погодил брегот на Ла Пласита де Морелос во западниот дел на Мексико, објави Американскиот геолошки институт. Било издадено и предупредување за појава на цунами.
Американската Си Би Ес објави дека загинало најмалку едно лице. Според фотографиите објавени на социјалните мрежи, при потресот сериозно била оштетена јавната болница во градот Маруата.
#SISMO #Coalcomán
El hospital comunitario de Maruata, municipio de Aquila, muestra severos daños, luego del sismo de 7.4.#postdatanews pic.twitter.com/IydJMNFeOL— Post Data (@PostData_News) September 19, 2022
На Твитер се појавија и снимки од потресот, а на една се гледа силно лулање на автомобилите.
https://twitter.com/i/status/1571940036140044288
Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор изјави дека се активирани сите протоколи.
Со цело срце посакуваме да не се случило ништо сериозно, истакна шефот на државата.
Земјотресот го погоди Мексико на истиот ден кога се случија и катастрофалните потреси во 1985 и во 2017 година.
Илјадници луѓе загинаа во земјотресот во 1985 година, а повеќе од 350 ги загубја животите во потресот во 2017 година.






