ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Остра осуда од МНР на Украина за таканаречената „пресуда“ изречена на Нариман Џељал и браќата Асан и Азиз Ахтемов

Од почетокот на целосната инвазија на Русија на Украина, криминалната окупаторска сила изрече повеќе од 30 казни за кримските политички затвореници, чиј вкупен затвор е веќе повеќе од 1.100 години. Кремљ продолжува дрско да ги прогонува и игнорира своите меѓународни обврски за почитување и обезбедување на човековите права и основни слободи, грубо кршејќи го меѓународното хуманитарно право.

September 21, 2022 20:17
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за надворешни работи на Украина најостро ја осудува срамната „пресуда“ изречена денеска на првиот заменик-шеф на Меџлисот на кримските Татари, Нариман Џељал како и на браќата Асан и Азиз Ахтемов од страна на окупаторската администрација на привремено окупираниот Крим, информираат од МНР на Украина.

Нариман Џељал е осуден на 17 години затвор со парична казна од 700 илјади рубли ( околу11700 евра). Асан Ахтемов е осуден на 15 години затвор со парична казна од 500 илјади рубли ( околу 8300 евра). Азиз Ахтемов е осуден на 13 години затвор со парична казна од 500 илјади рубли.

Нариман Џељал беше приведен на 4 септември 2021 година, веднаш по враќањето на Крим од Киев, каде што учествуваше на инаугуративниот самит на Меѓународната платформа за Крим. Неговото притворање стана уште еден обид да се скрши духот на отпорот кон окупацијата на полуостровот и цинична реакција на воспоставувањето нов формат на меѓународна соработка за деокупација на Кримскиот Полуостров. Оттогаш, Нариман Џељал и браќата Асан и Азиз Ахтемов го поминаа целиот арсенал на руски репресивни методи на притисок: од заплашување и закани до физичка тортура.

Од МНР на Украина истакнуваат денешната срамна казна беше уште едно сведоштво за политички мотивираниот прогон од страна на руските власти врз претставниците на кримските Татари, кои беа заложници на криминалниот режим на Путин поради нивното несогласување со окупацијата на Крим.

Од почетокот на целосната инвазија на Русија на Украина, криминалната окупаторска сила изрече повеќе од 30 казни за кримските политички затвореници, чиј вкупен затвор е веќе повеќе од 1.100 години. Кремљ продолжува дрско да ги прогонува и игнорира своите меѓународни обврски за почитување и обезбедување на човековите права и основни слободи, грубо кршејќи го меѓународното хуманитарно право.

Од украинското МНР ја повикуваат меѓународната заедница и партнерите во Меѓународната платформа за Крим да извршат политички, дипломатски санкции и економски притисок врз Русија со цел веднаш да се ослободат Нариман Џељал, браќата Асан и Азиз Ахтемов и сите украински граѓани незаконски затворени од режимот на Путин.

Заедно се приближуваме до денот кога зборовите на Нариман Џељал од зад решетки ќе станат реалност: „Сè започна со Крим и ќе заврши со Крим“.

Извор: ЦивилМедиа

Next Post

Борел: ЕУ размислува за нови санкции против Русија

Најново

Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис за 12 мај 2026: Експлозивен нов почеток и силна акција

May 11, 2026

Комисијата за култура на СДСМ: Изјавата на Љутков е празен маркетинг за прикривање на хаосот во културата и нападот врз Колективниот договор

May 11, 2026

Филипче: Пропагандата на ВМРО ја обвинува ЕУ за сопствениот дебакл со реформите

May 11, 2026

Дуа Липа ги тужи Самсунг за 15 милиони долари

May 11, 2026
Фото: МОБ

Македонската опера и балет ги отвори 54. Мајски оперски вечери

May 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk