Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов, во рамките на проектот „Градоначалник на еден ден“, го споделува градоначалничкиот кабинет со младите.
„Денешното прво доброутро во мојот кабинет му го посакав на младото момче Јанко Мицев, ученик во втора година во СОУ „Димитар Влахов“, кој денеска е во улога на Градоначалник на еден ден. Заедно ќе ги извршуваме планираните градоначалнички обврски во кабинетот и надвор од него, но ќе ги слушам и неговите забелешки и предлози за уште поголема соработка со младите и поуспешен развој на нашата Општина“, објави на Фејсбук Костадинов.
„Градоначалник на еден ден“ е заедничкиот проект со „Europe House Strumica“ со која, како што нагласуца Костадинов, негуваме взаемна почит и соработка на повеќе полиња. Заедно со младите од срце за Европска Струмица, истакна градоначалникот на Струмица, Костадинов





