Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук изјави дека Русија држи во заробеништбо околу 2.500 Украинци, од кои голем број се цивили, пишува Укринформ.
Таа во интервју за BBC News Ukrainian истакна дека Киев инсистира Русија да ги врати цивилите, а не да ги разменува.
Зборуваме за 2.500 затвореници. Луѓето остануваат во заробеништво, а најлошото е што таму има цивили. Цивилите не се ослободени како дел од неколкуте размени по ред, рече Верешчук.
Таа укажа и дека меѓу затворениците има многу жени.
Многу жени остануваат во заробеништво. Ако земете предвид дека 131 жена го напуштија Азовстал, тогаш замислете колку жени се во заробеништво. Само неколку се вратија. Жените мора да бидат ослободени. Тие се третирани ужасно. Русите ги малтретираат, тепаат, тие ги мачат нашите жени. Светот не треба тивко да гледа и да ги набљудува нашите жени како ги убиваат во затвор, додаде Верешчук.
Украинската вицепремиерка ги повика жителите на привремено окупираните територии да избегнуваат учество на псевдореферендумите организирани од Русија за да не му помогнат на непријателот да го легализира неговото беззаконие во овие области.
На 21 септември, како дел од размената на затвореници, повеќе од 200 украински бранители, вклучувајќи 124 офицери, како и десет странци, беа вратени од руско заробеништво. Од друга страна, пратеникот Виктор Медведчук, осомничен за предавство, и 55 руски војници и се предадени на руската страна.