ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ ги кочи вработувањата на граѓаните преку „Отворен Балкан“

September 29, 2022 13:16
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Договорите од „Отворен Балкан“ со кои што се предвидува работници од Македонија, Србија и Албанија да конкурираат на пазарот на труд во сите три земји, не се ратификувани само во македонскиот парламент. Опозицијата не дава поддршка. Велат дека не им е јасна целта на „Отворен Балкан“, пишува Радио Слободна Европа.

Сè уште не се укинати работните дозволи за да може државјаните на Македонија, Албанија и Србија слободно да работат во која било од земјите.

Од владата ги повикуваат пратениците итно да ја свикаат собраниската Комисија за надворешни работи и да ги стават на дневен ред овие протоколи и договори.

Мицкоски преку Милошоски ги кочи вработувањата преку Отворен Балкан

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку пратеникот Антонио Милошоски кој е претседател на собраниската Комисија за надворешни работи, ги кочи вработувањата преку Отворен Балкан.

Мицкоски сега вели не знаел што е Отворен Балкан, иако лани велеше дека тоа е добра иницијатива, потсети Националната координаторка за регионална соработка и европски интеграции, Нора Исмајлоска Старова.

Мицкоски пред неполна година за српска Политика изјавуваше дека Отворен Балкан е добра можност за олеснета комуникација на земјите од регионот, а деновиве сосема спротивно се чуди како можеле да соработуваат две земји што не се граничат (Албанија и Србија) и дека немал информации за иницијативата, реагира  Исмајлоска Старова.

И Пратеникот Миле Талевски вчера го повика Антонио Милошоски да не ја кочи ратификацијата на договорите за Отврен Балкан и веднаш да закаже седница.

„Ги повикавме ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски да ја прекине праксата којашто ја наметна во Собранието преку Комисијата за надворешни работи којашто ја раководи тој, а тоа е да кочи и да го блокира целиот процес којшто се однесува во делот на надворешната политика на нашата држава. Бараме да се откочат сите оние ратификации којшто се во делот за подобрување, односно олеснување на условите за размена на работници помеѓу државите вклучени во поектот Отворен Балкан. Досега немаме никаков одговор од страна на Антонио Милошоски“, рече Талевски.

Националниот координатор за „Отворен Балкан“ и регионална соработка, Марјан Забрчанец во изјава за Фронтлајн, вели дека неодговорно и на штета на граѓаните и на бизнис секторот е блокирањето на договорите од Отворен Балкан од страна на пратеникот Милошоски.

„Ратификацијата на договорите за слободен пристап до пазарот на трудот и за идентификациски број за граѓаните на Отворен Балкан мора да се заврши во Собранието за да може да стартува проектот за слободно ангажирање работна сила во која било од трите држави без работни дозволи“ – вели Забрчанец.

Тој смета дека Милошоски има обврска да одговори на прашањата дали се работи за координиран обид на ВМРО-ДПМНЕ да ја кочат регионалната иницијатива што ја поддржуваат граѓаните од сите три држави.

Според Договорот потпишан во Тирана, договорните страни треба да ги поедностават административните процедури за влез, движење, престој и работа на граѓаните на земјите потписнички. А земјите ќе гарантираат дека сите ќе имаат еднаков пристап на работа, без разлика од која земја од потписничките доаѓаат.

Лицето кое ќе сака да работи во една од државите од Отворен Балкан нема да мора да добие работна дозвола и дозвола за престој во земјата што го прима.

Ј. Ѓ.

 

 

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото, Илустрација, генерирано со ВИ

Лав избеган од зоолошка во Турција, нападна човек

July 6, 2025
Фото: МИА

Полска од полноќ воведува контроли на границата со Германија

July 6, 2025

ЦУК: Шест активни пожари на отворено до 18 часот

July 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мицкоски е виновен за отворање на дебатата за македонскиот јазик во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како светот се справува со демографската криза и наталитетот, а што предлага Мицкоски во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Според СДСМ „Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, така ќе биде и со Скопје“, Мицкоски вели Орце води на анкетите со петпати поголема разлика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk