Црна Гора на 28 странски државјани им го прекина престојот и им забрани влез, а ваквата одлука е донесена по неколку континуирани и координирани активности на Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност (АНБ).
Двете безбедносни институции тоа го направија врз основа на расположливите мерки и дејствија во рамки на своите законски овластувања, објави РТЦГ.
Црногорското МВР соопшти дека преку операцијата на Агенцијата за национална безбедност, наведените лица се „посочени како носители на малигно влијание спроведено за интереси на странски служби“.
Се порачува дека Министерството и АНБ, заедно со други црногорски институции, ќе продолжат да ги следат безбедносните ризици.
Тие додаваат дека согласно тоа ќе продолжат да преземаат се што е во нивна надлежност за да ја заштитат националната безбедност и интересите на Црна Гора.