ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Општи избори во БиХ, најважни од Дејтонскиот мировен договор

October 2, 2022 08:45
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во Босна и Херцеговина денеска се одржуваат општи избори на кои граѓаните ќе избираат свои претставници на сите нивоа на власта – во државата, Федерацијата БиХ и Република Српска.

На повеќе од 5.900 избирачки места, кои се отворени од 7 до 19 часот, граѓаните ќе избираат тројца членови на Претседателството на БиХ (по еден од трите конститутивни народи – Бошњаци, Срби и Хрвати), пратеници за Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ и пратеници во Претставничкиот дом на Парламентот на Федерацијата Босна и Херцеговина.

На деветтите општи избори во Босна и Херцеговина граѓаните избираат и претседател на Република Српска, двајца потпретседатели на Република Српска, пратеници на Народното собрание на Република Српска (НСРС), како и пратеници на собранијата на 10 кантони во Федерацијата Босна и Херцеговина.

Според податоците на Централната изборна комисија (ЦИК), право на глас во БиХ имаат 3.368.666 гласачи.

На изборите учествуваат 90 политички партии, 38 коалиции и 17 независни кандидати, што е најмногу досега.

Граѓаните избираат 518 претставници меѓу 7.743 кандидати, кои ќе ги претставуваат на сите нивоа на власт во државата и двата ентитета.

За членови на Претседателството на Босна и Херцеговина се кандидирани вкупно 10 кандидати, по пет од двата ентитета.

Членовите на Претседателството на БиХ се избираат во две изборни единици – Федерацијата БиХ, каде се избираат два члена, еден од редовите на бошњачкиот и еден од хрватскиот народ, и во Република Српска, која го избира српскиот член на овој највисок државен орган.

Борјана Кришто (ХДЗБИХ) и Жељко Комшиќ (ДФ), Денис Беќировиќ (СДП), кој доби поддршка и од 10 опозициски партии, Бакир Изетбеговиќ (СДА) и Мирсад Хаџикадиќ од Коалицијата за напредок се кандидати за хрватскиот и бошњачкиот член.

Во игра за српскиот член се Жељка Цвијановиќ, Мирко Шаровиќ, Војин Мијатовиќ, Ненад Нешиќ и Борислав Бијелиќ.

Како што соопшти ЦИК, првите изборни резултати за членови на Претседателството на БиХ би можеле да бидат познати до денеска на полноќ.

Рокот за објавување на конечните резултати е еден месец, односно 1 ноември, кога истекува рокот за формирање нов состав на Претседателството на БиХ и државниот парламент, како и на парламентите на Федерацијата БиХ и Република Српска, и пониските нивоа на власт.

И покрај долгогодишното инсистирање на политичките претставници на Хрватите во БиХ и официјален Загреб за измена на Изборниот закон, овие избори, кои според аналитичарите се најважни од крајот на војната, односно од усвојувањето на Дејтонскиот мировен договор, се одржуваат според старите изборни правила, освен некои технички детали, кои ги наметна високиот претставник Кристијан Шмит користејќи ги овластувањата од Бон.

Next Post

Пуштен во употреба интерконектор ИГБ: Балканот добива сигурна порта за диверзифициран гас

Shortcut

Најново

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk