„Следниот пакет за безбедносна помош на администрацијата на Бајден за Украина се очекува да вклучи четири фрлачи на артилериски ракетен систем со висока мобилност (HIMARS), муниција, мини и возила отпорни на мини“, објави Ројтерс повикувајќи се на два извори.
Како што е наведено, пакетот помош би бил вреден 625 милиони долари.
Официјалните лица, кои сакале да останат анонимни, рекле дека пакетот оружје може да се промени во вредност и содржина до последен момент.
Белата куќа одбила да коментира за пакетот.
Според Њујорк Тајмс, Украина во моментов има 16 системи HIMARS обезбедени од Соединетите држави и 10 системи MLRS обезбедени од други сојузници.
Оваа објава би означила повеќе од 16,8 милијарди долари вкупна американска безбедносна помош откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари.
Подготви: Ј. Ѓ.







