ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Стопанска Комора: Да се поврзат системите за да има една контрола на превозниците од „Отворен Балкан“

October 6, 2022 14:18
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Стопанската комора на Северна Македонија на идните состаноци на иницијативата „Отворен Балкан“ ќе инсистира на поврзување на контролите што се прават на посебната лента што беше воведена на Граничниот премин „Табановце“ за премин на товарни возила за овластените економски оператори од „Отворен Балкан“, со цел да се намалат гужвите и времето на чекање.

Билјана Пеева Ѓуровска, оперативен директор во Комората,  денеска на прес-конференција истакна дека е потребно поврзување за да има една контрола, а соодветни податоци да имаат и македонските и српските служби. Тоа, како што вели, драстично ќе го намали времето на чекање, односно процесирањето на документацијата и преминување на граничниот премин.

Мора да има поврзување на системите. Сега физички тие се кабина до кабина, но тоа не значи дека контролата ја прават заедно. Суштината на спроведувањето на заедничките контроли подразбира кога  ќе имаат разменети податоци или кога ќе им бидат поврзани системите кога доаѓа камион ако едната служба е  информирана за каков вид стока се работи, под каков вид на контрола подлежи, итн., ако е исконтролирана од страна на една служба, зависно дали е влез или излез, од македонска или од српска, со тоа процесот да заврши, а не иако се едни до други проверката да  биде и од српска и од макеоднска страна, рече Пеева.

Следењето на протокот на возила на Граничниот премин „Табановце“ што го спровела Комората во јули и август годинава покажала дека во тој период имало  фрекфенција на 60.000 транспортни возила, без товарните во транзит. Утврдено е дека колоните со товарни возила биле секојдневие, во повеќето денови долги околу два километра, со 30 до 40 транспопртни возила на преминот. За влез во државава чекањето изнесувало два до три часа. Посебната лента за возилата од „Отворен Балкан“ не функционирала во јули, а во август била во функција со исклучок на неколку дена. Покрај регистрираните двојни постапки за увоз и извоз на македонската и српската граница поради неугласеност на системите, како и двојни проверки и пред органите за внатрешни работи, утврдени се и проблеми со прекини во снабдувањето со струја, недостиг на соодветни ленти, нефункционалност на вагите за мерење, неусогласеност на работното време на Царинскиот терминал и инспекциските служби.

По укажување од комората посебната лента за премин на товарни возила за овластените економски оператори од „Отворен Балкан“, -т.н зелени коридори, која во услови на зголемена фрекфенција посебно во текот на летото воглавно се користеше за патнички автомобили, целосно е ставена во функција за товарните превозници. Направена е и пренамена на две ленти што се користат за излез од земјата кога има гужви да се користат за влез во земјата од патничките автомобили со цел да не го блокираат преминот за непречено функционирање на двете ленти што исклучиво се наменети за товарните превозници.

Пеева Ѓуровска најави дека за околу две недели треба да биде надминат проблемот со секојдневните прекини на снабдувањето со струја на граничниот премин во траење од по 15-ина минути, а од кои целиот систем се блокира, не работат службите и вагите за мерење и има реалкции од транспортерите. Се работи на замена на делови и воспоставување на целосна функционалност на трафостаницата. Ќе организираат и дополнителен состанок со Агенцијата за храна и ветеринарство и Фитосанитарната  управа, шпедитерите и извозниците со цел да се утврди кои се клучните проблеми за функционирањето на инспекциските служби на граничниот премин, пред се, во делот на соодветна екипираност, работното време и процесот на прием и обработка на документите.

Комората укажува и на потребата од целосно динамизирање на процесот на целосно воведување на директниот транзит од страна на Албанија, која го нема завршено  овој процесот како Северна Македонија и Србија, што може значително да влијае на брзината на завршување на транзитот.

Next Post

Георгиевска: ВМРО-ДПМНЕ лицемерно и неодговорно и во време на криза не се откажува од блокадите на законите

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk