ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ристо Пенов, политичар со кариера исполнета со конкретни постигнувања, идниот министер за локална самоуправа

October 9, 2022 20:47
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Уште во првиот момент по појавувањето на името на Ристо Пенов како министер за локална самоуправа, започнаа медиумските шпекулации и кулоарските озборувања. „Од каде сега тој, за што се работи, кој го донесе…?“

Ристо Пенов е политичар за кој треба да се знае, што се вели, „од општа култура“. Неговата политичка кариера е долга и исполнета со конкретни постигнувања. Иако има голем број функции и проекти во неговото портфолио, тој остана најпознат по своите два мандати како градоначалник на Скопје во време кога сѐ уште се учеа основите за тоа како функционира една модерна локална самоуправа.

Ристо Пенов, првиот избран градоначалник на Град Скопје, кој во два наврати излегуваше како победник на локалните избори во главниот град, ќе биде новиот министер за локална самоуправа во македонската влада. Ристо Пенов е еден од ретките градски татковци, а и политичари за кого во јавноста сеќавањата се позитивни и кој важи за политичар кој асоцира на стабилност и искуство.

Ристо Пенов беше градоначалник на Скопје од 1996 до 2004 година, период кој е одбележан со првите напори на локалната власт за средување на состојбите во Градот по еден подолг период на стагнација. Иако Градот Скопје тие години речиси немаше ни половина од денешните ингеренции, а беше оставен со буџети десеткратно помали од денешните, во тој период метрополата доби, започна или заврши, повеќе капитални проекти кои  денеска го прават Скопје да биде функционален град.

Од тоа време е пешачката стаза на кејот на реката Вардар, која и денес е еден од најпосетуваните простори за спорт и рекреација на Скопјани, далеку од градскиот сообраќај и вревата.

Во 2003 година, под раководство на Пенов, се реализираше модернизацијата на централниот плоштад Македонија, кога се уреди приодот кон плоштадот, се воспостави атмосферска канализација и се измени целосно изгледот користејќи гранитни плочи и дел од старата коцка со цел да се зачува дел од неговата историја. Почетниот дел на плоштадот беше обележан со цветен круг, каде традиционално се поставуваше огромната новогодишна елка.

Во тоа време, Пенов ја започнува и изградбата на единствената современа спортска сала во земјата – Борис Трајковски – А1 Арена.

Во мандатот на Пенов се реши огромниот сообраќаен проблем наречен улица Водњанска. Дотогаш постојано во застој, тесната улица со калдрма, се претвори во широк, модерен булевар кој овозможи многу полесен пристап до еден од стратешките објекти во Скопје – Клиничкиот центар, познат кај граѓаните како Државна болница. Денес се зборува дека Водњанска и современиот пристап до Клинички имаат спасено многу животи кога во прашање биле минути или секунди.

За време на својата служба како градоначалник на Скопје, Пенов изврши проширување на железничкиот мост во Хром и ја проби улицата Адолф Циборовски (Васил Чакаларов) со што се отвори уште еден коридор кој го поврзува Ѓорче Петров со Карпош и понатаму со центарот на градот.

Освен железничкиот мост, еден од поголемите проекти кои го одбележуваат периодот кога Ристо Пенов беше скопски градоначалник е и мостот кај транспортниот центар, кој отвори витална и многу потребна сообраќајна трансверзала од просторот кај поранешно Сајмиште, кон Маџир маало и понатаму кон Аеродром и Кисела вода.

Во делот на средувањето на сообраќајниот хаос, Пенов за време на својот мандат, ја сели и ја модернизира Автобуската станица Скопје во транспортниот центар, каде се наоѓа и централната станица за приградски автобуски превоз кој претходно беше на сосема несоодветно место покрај кејот, на местото каде што денес се наоѓа црквата Св. Богородица.

Пенов денес е симбол на постарата генерација политичари кои успеаја да се издвојат од политичарите на транзицијата и да бидат првите кои на Градот и на државата им донесоа современост и модерна функционалност.

 

Next Post

Борјан Јовановски со остар демант на „ботот“ Божидар Божиновски

Shortcut

Најново

Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

Дерала во Voxeurop: Кога правосудството станува оружје, цената ја плаќа целата држава

August 16, 2026
Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk