ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Во Куманово централниот настан за одбележување на Денот на народното востание под мотото „Секогаш на вистинската страна“

October 10, 2022 11:16
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По повод одбележувањето на државниот празник 11. Октомври – Ден на народното востание, Владата на Република Северна Македонија утре пред Спомен – костурницата во Куманово организира централен свечен настан за одбележување на државниот празник под мотото „Секогаш на вистинската страна“. Дополнително владини делегации ќе положат свежо цвеќе пред спомениците на паднатите борци од НОБ во Скопје и Прилеп.

Како што соопшти владината прес-служба, централниот настан во Куманово започнува со положување  цвеќе на Спомен – костурницата. Владината делегација ќе ја предводи премиерот Димитар Ковачевски, а е составена од Артан Груби, прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Јована Тренчевска, министерка за труд и социјална политика, Адмирим Алити, министер за информатичко општество и администрација.

Потоа, настанот продолжува со културно – уметничка програма на платото пред Спомен – костурницата и со обраќање на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски.

Со посебни почести владина делегација предводена од вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска, а во состав на Александар Бајдевски, заменик-министер за информатичко општество и администрација и Башким Хасани, заменик-министер за одбрана ќе положат свежо цвеќе на споменикот на „Ослободителите на Скопје”, на платото кај Владата на Република Северна Македонија.

Како дел од чествувањето на празникот 11-ти Октомври, официјална владина делегација ќе учествува на настан во Општина Прилеп пред споменикот „Методија Андонов – Ченто“. Во состав на оваа владина делегација се Бисера Костадиновска-Стојчевска, министерка за култура, Владимир Рендевски, заменик-министер за здравство, Џемил Ќамили, директор на Агенцијата за развој на земјоделство.

Next Post

Приведен криумчар од Србија, пронајдени мигранти

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk