Украинскиот претседател Володимир Зеленски утрово реагираше на веста за експлозиите низ земјата, велејќи дека Русите „се обидуваат да ја уништат“ Украина.
Ги уништуваат нашите луѓе кои спијат дома во Запорижја. Убиваат луѓе кои одат на работа во Дњепар и Киjив. Воздушната тревога не стивнува низ цела Украина. Тие се обидуваат да не уништат и да не избришат од лицето на Земјата, рече Зеленски.
Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина, на Твитер објави фотографии од нешто што изгледа како игралиште со натпис: „Детско игралиште во центарот на Киjив по нападот“.
Според него, од нападите на Кијив досега е потврдена смртта на пет лица, а повредени се 12.
Михаило Подољак, советник на претседателот Володимир Зеленски, изјави дека „намерните напади“ врз центарот на Кијив, како и нападите врз Запорижја на југ и Дњепар во централна Украина, се уште еден доказ за „терористичката неадекватност на Кремљ“.
– Русија не е способна да се бори на бојното поле, но е способна да убива цивили. Наместо разговори, потребна ни е противвоздушна одбрана, МЛРС, ракети со поголем дострел,







