ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бектеши: Скопјани на 15 октомври ќе се разбудат со топли радијатори

October 13, 2022 20:34
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Доколку Владата не интервенираше во подобрување на ликвидноста на АД ЕСМ најверојатно електричната енергија за регулираниот пазар ќе беше пет пати поскапа, порача вечерва министерот за економија Крешник Бектеши.

Нашата заложба е електричната енергија што ја произведува ЕСМ да биде меѓу најевтините во регионот. Сепак, ако дополнително со одлука на Влада не го обврзевме ЕСМ да ги покрива загубите во мрежата на МЕПСО и ЕВН дистрибуција ќе пораснеше и трошокот за дистрибуција на струјата, а со тоа и крајната сметка што ја плаќаат граѓаните, рече Бектеши во интервју за ТВ Канал 5.

Нагласи дека има позитивни ефекти од воведувањето на блок тарифите за домаќинствата и додаде дека токму оние домаќинства кои повеќе штедат сега имаат помали сметки за потрошена електрична енергија отколку за дистрибуција на електричната енергија до нив.

Бектеши, како што рече, е задоволен од менаџментот и вработените на ЕСМ кои успеаја за 20 отсто да го зголемат производството на електрична енергија со опремата која е стара и по 40-тина година. Затоа не очекува да има поскапување на електричната енергија  по Новата година.

Владата во изминатиов период вложила 272 милиони евра за субвенции во топлинска и електрична енергија со цел цените за граѓаните да бидат поприфатливи.

Во кризни времиња сите треба да покажуваат солидарност. Не може компании кои со години остваруваа профит да очекуваат субвенции за електрична енергија. Затоа тие компании што можат да ја поминат кризата без поддршка од Буџетот нема да бидат поддржани, а средните компании ќе добијат поддршка само ако дополнително се зголеми цената на електричната енергија на берзите, кажа Бектеши и најави дека од 1 декември ќе бидат поддржани компаниите кои произведуваат основни прехранбени производи.

На скопјани има порача да бидат мирни и дека на 15 октомври ќе им бидат топли радијаторите и такви ќе останат во текот на грејната сезона.

Од 15 октомври топланите Исток и Запад ќе произведуваат 100 проценти од потребите за топлинска енергија за град Скопје доколку не работи ТЕ-ТО. Ако, пак, ТЕ-ТО не може да обезбеди гас за работа, тоа може да го направи државата преку ЕСМ која е задолжена да раководи со производството и дистрибуцијата на топлинска енергија за Скопје, посочи Бектеши.

Во насока на обезбедување на гас, како што кажа, договорено е со бугарската страна да се зголеми притисокот во гасоводот од постојните 36 на 48 бари за да се зголеми протокот на гасоводот. Тоа, како што рече, се прави со цел да се направат напори да се снабдуваме со гас и од други извори освен од Гаспром кој до 2030 година целосно го има закупено моменталниот капацитет на гасоводот. Најави дека до крајот на годинава ќе започне и изградбата на гасоводот со Грција.

Next Post

Околу 150 прехранбени компании од 1 декември ќе бидат префрлени на регулираниот пазар на електрична енергија

Најново

Филипче: Укинување на техничка Влада е автократки манир и нема да го прифатиме

April 23, 2026

Љутков: Скопје 2028 е проект на луѓето, на сите нас, нова приказна за градот на отвореност, соработка и заедништво

April 23, 2026

Николоски: Во Коридорот 8 инвестираме 5 милијарди евра, државата има капацитет за големи проекти

April 23, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

СДСМ поднесе закон: забраната за двојно државјанство да важи за министрите и тоа веднаш

April 23, 2026
Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис – 23 април 2026

April 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk